Гловер: Изборите „најважни“ за иднината на Албанија

24/06/2009

Шефот на мисијата на ОДИХР Одри Гловер ги сподели своите ставови во врска со изборните реформи, медиумското покривање и интересот што Албанија го има во одржувањето фер и демократски избори в недела.

Од Мањола Хала за Southeast European Times во Тирана -- 24/06/09

photo

Медиумскиот мониторинг забележа пристрасности во тонот на покривањето на некои медиуми, рече Гловер. [Getty Images]

Амбасадорката Одри Гловер ја предводи набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) за изборите во Албанија на 28-ми јуни. Следното интервју за новинарката на Southeast European Times Мањола Хала беше направено пред експлозијата на автомобил-бомба на 18-ти јуни, во која загина членот на Демохристијанската партија Александар Кека.

Southeast European Times: Какви промени забележувате во албанската политичка клима од 1996 година?

Одри Гловер: ОБСЕ/ОДИХР досега следел бројни избори во Албанија од 1996 година. Има многу позитивни промени во оваа земја и во изборниот закон и изборниот процес оттогаш. Претходните извештаи за изборите во Албанија ги одразуваат овие промени. Се надеваме дека напредокот постигнат на претходните избори ќе достигне понатамошна консолидација на 28-ми јуни.

SETimes: Имајќи ги предвид дебатите меѓу двете главни политички партии во врска со издавањето на личните карти, очекувате ли дека граѓаните ќе можат целосно да го искористат своето своето право на глас?

Гловер: ОДИХР во претходните извештаи препорача воведување одредена форма на идентификација на гласачите која не може да се злоупотребува, како и модернизирана регистрација на граѓаните. Задоволни сме од тоа што новиот изборен законик предвидува регистрација на гласачите која се заснова на национална компјутеризација на граѓанските регистри и систем на лични карти кој ќе биде форма на идентификација на овие избори. Сфаќаме дека личните карти се многу контроверзно прашање. Од суштинска важност е да се вложат максимални напори за да се обезбедат лични карти за лицата со право на глас кои немаат важечки пасош, за да можат да го искористат своето право на глас.

SETimes: Како ги оценувате чекорите што Албанија ги прави за остварување демократски и фер избори?

Гловер: Направени се некои важни чекори за одржување избори кои ќе се во согласност со определбите на ОБСЕ. Новиот изборен закон, за кој се согласија двете главни партии, предвидува нови избирачки списоци и лични карти. Покрај тоа, видливото мастило за прсти со кое ќе се одбележуваат гласачите кои гласале и фотографирањето на пребројувањето на гласовите се позитивни чекори. Она што ние ќе бараме на овие избори е условите да бидат еднакви за сите кандидати и сите компоненти кои учествуваат на изборите да си ја извршат својата работа. Еден од најважните аспекти на изборниот процес е да се види дека сите лица со право на глас можат да направат информиран избор и слободно да гласаат. Покрај тоа, сакаме да видиме дека сите гласачи се уверени оти нивниот глас ќе биде заштитен и дека гласачите и сите политички партии имаат доверба во системот.

SETimes: Дали политичките партии се однесуваат етички помеѓу себе за време на изборната кампања? Како го оценувате целокупниот тек на истата?

Гловер: Имаше одредени примери на навреди за време на кампањата, вклучително и обвинувања за корупција упатени од различни страни. Сепак, генерално гледано, ваквите случаи на навреда беа малку во предизборниот период.

Поврзани написи

Loading

SETimes: Какво беше медиумското покривање на политичките партии и нивните кампањи. Беше ли фер?

Гловер: Медиумскиот мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР во периодот од почетокот на официјалната кампања на 28-ми мај до 10-ти јуни посочи две од пет следени медиуми кои посветиле прилично еднаков простор за двете партии. Сепак, овие две и еден друг медиум покажале пристрасност во тонот на покривањето. Одборот на медиумскиот мониторинг ја заснова својата оценка дали медиумите ги почитуваат одредбите на изборниот законик во кампањата само на бројките во врска со времето посветено на политичките партии. Без да се направи проценка на тонот, не е возможно да се утврди дали медиумите обезбедиле плурализам во информирањето, како што предвидува законот.

SETimes: Што губи Албанија, и Југоисточна Европа, во целина, ако земјата не успее да одржи фер и демократски избори на 28-ми јуни?

Гловер: Јасно, овие избори се најважни за иднината на Албанија, како во поглед на понатамошниот демократски развој на земјата, така и во поглед на процесот на интеграција во европските структури. Нашата улога е да ги следиме овие избори на непристрасен и објективен начин и да ги објавиме нашите заклучоци. Тогаш другите -- во Албанија, во Брисел и во главните градови на другите земји-учеснички -- треба да извлечат заклучоци врз основа на оценката за овие избори.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар