Ритам и блуз во северно Косово

24/06/2009

Големи имиња учествуваа на неодамнешниот фестивал Џез и блуз во Северен град.

Од Илија Ѓорѓевиќ за Southeast European Times во Митровица – 24/06/09

photo

Големиот саксофонист Игор Бутман и неговото трио ја импресионираа публиката во Северен град. [Илија Ѓорѓевиќ]

Публиката во Звечан доживеа џез и блуз шок на Џез и блуз фестивалот во Северен град од 5-ти до 7-ми јуни.

Осум оркестри и 60 врвни музичари од Грција, Франција, Алжир, Русија, Кипар и Србија учествуваа на настанот, кој го организираше Здружението на музичари на Митровица.

Бранко Марковиќ, контрабасист и еден од најдобрите српски џез музичари, беше уметнички директор на фестивалот.

„Имавме среќа да ги слушнеме, меѓу другите, Ана Поповиќ, Питер Херболзајмер, Џудио Ниемак, Чак Мекпирсон, Силван Лук трио и други, кои го покажаа квалитетот на Џез и блуз фестивалот во Северен Град ... Убеден сум дека организаторот ќе ... продолжи да кани квалитетни џез музичари, и, ако е можно, дури и да го зголеми квалитетот на овој џез настан“, изјави Марковиќ за Southeast European Times.

Гитарскиот квартет КМ го отвори настанот под водство на легендарниот џез-гитарист од Митровица Петар Ракиќ. Кипарскиот Биг бенд, првиот џез оркестар во Кипар, според нивната веб-страница, настапи втор.

Публиката аплаудираше за триото Олег Чели Хамонд втората вечер. Чели, еден од најпознатите грчки џез-пијанисти, познат и по соработната со музичари од различни жанрови, ја заведе публиката со убавината и суптилноста на својот звук.

Големиот џез-саксофонист Игор Бутман и неговото трио ја освои публиката на завршната вечер од фестивалот. Поранешен руски државјанин, сега американски имигрант, настапи со некои од најголемите имиња во американскиот џез.

Поврзани написи

Loading

Белградскиот бенд Дел Арно го заокружи фестивалот. Бендот ја воодушеви публиката, особено младите, кои играа на реге-ритамот на групата.

„Ние, се разбира нема да застанеме тука. Веќе имааме идеи за тоа да поканиме некои големи имиња на осмото издание“, рече продуцентот на фестивалот Ненад Илиќ за Southeast European Times.

Канцеларијата за врски на Европската комисија (ЕК) во Косово беше еден од главните спонзори на настанот.

„Европската комисија придава големо внимание на културата и промовирањето на културните активности, особено на оние кои ги зближуваат заедниците. Со цел да се допре до повеќе луѓе во Косово, Канцеларијата за врски на ЕК особено ги охрабрува културните активности надвор од Приштина“, се вели на веб-страница на ЕК.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар