22/06/2009
Претседателите од Југоисточна и Централна Европа рекоа дека го поддржуваат пристапувањето на балканските земји во ЕУ и дека економската криза не е причина проширувањето да прекине.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 22/06/09
![]() Водачите се подготвуваат за фотографирање за време на 16-тиот самит на земјите од Централна и Источна Европа во Нови Сад, Србија, во петокот (19-ти јуни). [Getty Images] |
Српскиот град Нови Сад, околу 80 километри северно од Белград, од четвртокот (18-ти јуни) до саботата беше домаќин на централноевропскиот самит. Претседателите на 14 земји разговараа за теми како што се европската интеграција, светската економија и енергетските прашања.
Претседателите од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Словачка, Чешка, Словенија, Украина и Србија учествуваа на самитот „Заедничка работа на совладувањето на предизвиците на трите „е“ -- економијата, енергијата и европската интеграција“.
Водачите ја изразија својата поддршка за приемот на балканските земји во ЕУ, инсистирајќи дека економската криза не смее да биде изговор за да прекине проширувањето на Унијата.
„Економската криза е клучен тест кој ќе покаже дека членките на ЕУ може да дејствуваат заедно“, рече италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.
Српскиот претседател Борис Тадиќ, кој беше домаќин на настанот, рече дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан е во интерес на Европа и додаде дека укинувањето на визите во регионот ќе биде јасен доказ оти балканските држави се добредојдени во европската заедница.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов се согласи. „Многумина од нас лично знаат како е да се биде надвор од европските институции и европските пазари. Не смее да се заговара ексклузивна и затворена Европа.“
Полскиот претседател Лех Кажински ја искажа својата поддршка, потсетувајќи дека Полска 13 години „патуваше“ во ЕУ. „Влеговме во собата [ЕУ], но тоа не значи дека сакаме да ја затвориме вратата зад себе. Таа соба е доволно голема и треба да биде достапна за сите“, рече тој.
Друго прашање за кое се разговараше беше гасната криза меѓу Русија и Украина, која ја достигна својата кулминација во јануари, и покажа колку се ранливи европските држави поради енергетската зависност.
Украинскиот претседател Виктор Јушченко рече дека неговата земја гарантира „безбеден и континуиран“ пренос на гасот преку својата територија, и повика на создавање заеднички пазар за гасот, сличен на пазарот на електрична енергија.
Безбедноста беше засилна во Нови Сад за време на самитот. Улиците во близина беа затворени, а полициските единици ги обезбедуваа хотелите каде што престојуваа претседателите.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's