18/06/2009
„Полиција, придавка“ и „Север“ ја поделија главната награда на најголемиот филмски фестивал во Романија.
Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт – 18/06/09
![]() Италијанската филмска ѕвезда Клаудија Кардинале (лево) доби награда за животно дело на ТИФФ. [Габриел Петреску/SETimes] |
„Полиција, придавка“, во режија на Корнелиу Порумбиу, ја подели наградата Трансилваниски трофеј на 8-миот годишен Трансилваниски меѓународен филмски фестивал (ТИФФ), заедно со норвешкиот филм „Север“, во режија на Руне Денстад Лангло.
Жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), исто така, го награди „Полиција, придавка“ во категоријата „Особено внимание“ на овогодинешниот Кански филмски фестивал.
Настанот се одржа од 29-ти мај до 7-ми јуни во Клуј-Напока, пред да се префрли на својата втора локација во Сибиу.
Филмот, кој ја имаше својата романска премиера на ТИФФ, е приказна за полицаец кој на крајот се сомнева во својата професија.
„Полиција, придавка“ доби високи оценки од критичарите.
„Понатамошен доказ за силата на романскиот нов бран, оваа привидно безизразна медитација за власта и моралната совест е ... еден од најдобрите филмови на овогодинешниот фестивал“, напиша Махола Даргис за The New York Times.
„Кусата, несигурна кода го завршува целиот филм со практичната примена од страна на протагонистот на принципот reductio ad absurdum, со што всушност се зацврстува статусот на Порумбиу на еден од најсилните современи романски и европски режисери денес“, напиша Бојд ван Хоеиј во Синееуропа.
„Тоа е филм кој може да се апсорбира, но и филм кој бара трпеливост ... филм за зборовите и чувството“, телевизија Реалитатеа ги цитираше зборовите на Порумбиу.
Филмот е снимен во родниот град на режисерот Васлиу.
Наградата на ТИФФ за најдобар филм отиде во рацете на Бармак Акрам за „Кабули кид“.
„Север“, исто така, ја освои наградата за најдобра кинематографија. Холандскиот филм „Може да оди низ кожа“ ја освои наградата ФИПРЕСЦИ.
Наградата за животно дело ја освоија романскиот режисер Дани Пита, италијанската актерка Клаудија Кардинале, израелскиот режисер и продуцент Менахем Голан и актерот Флорин Пиерсиц.
Наградите за животно дело во минатото ги освоија Џули Делпи, Мајкл Редфорд, Ани Гирардот, Удо Киер, Ванеса Редгрејв и Фанко Неро.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's