Галеб „плови“ повторно

11/06/2009

Луксузниот брод на Тито отиде на поправка, откако му беше продаден на град во Хрватска

Од Иво Шчепановиќ за Southeast European Times во Сплит – 11/06/09

photo

Бродот на поранешниот диктатор ќе се реновиран во пловен музеј. [Иво Шчепановиќ]

Со години, бродот на поранешниот југословенски диктатор Јосип Броз Тито, Галеб, беше напуштен во бродоградилиштето Виктор Ленац, на хрватскиот северен брег. Сепак, на крајот од минатиот месец тоа се промени, кога истиот беше купен од градот Риека. Градот има намера да го реновира бродот и да го претвори во пловен музеј.

Ова нема да биде прво реновирање на бродот. Изграден како југословенски поморски брод во Џенова, Италија, во 1938 година, бродот долг 117 метри беше запленет од Германците во 1943 година. Во 1944 година тој беше потонат покрај брегот на Риека од страна на Сојузниците. Потоа, беше изваден од морето во 1948 година, и реконструиран во сегашниот Галеб во 1952 година.

Тито го користеше бродот до својата смрт во 1980 година, и помина околу 160 километри со него, на политички мисии. Тој, исто така, го користеше Галеб како место за забава на голем број политичари и славни личности, меѓу кои и британскиот премиер Винстон Черчил, либискиот водач Моамер ал-Гадафи, поранешниот индиски премиер Џавахарлал Нехру и холивудските ѕвезди Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Риека го купи за 107.000 евра.

„Бродот беше спасен од тоа да го купи некој кој ќе го ... продаде како старо железо. Реконструкцијата ќе се врши под надзор на експерти“, рече градоначалникот Војко Оберснел.

Поврзани написи

Loading

Очекуваната цена на обновувањето е 7 милиони евра.

Сепак, продажбата не одеше непречено. Бродот беше одземен и ставен на аукција откако сопственикот, бродскиот магнат Џон Пол Папаниколау, не му ја плати пристанишната такса на бродоградилиштето Ленац, каде што тој планираше да се реновира бродот.

Адвокатот на Папаниколау поднесе тужба во 2006 година за да ја стопира продажбата, која е сé уште во тек.

Галеб се очекува да остана укотвен во пристаништето во Риека и да стане туристичка атракција. Посетителите ќе можат да влегуваат внатре, да нарачаат кафе и да го впијат амбиентот на историскиот брод.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар