Може ли Турција без помош?

11/06/2009

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган вели дека Турција може да ја издржи економската бура без помош на ММФ, но аналитичарите гледаат црвени знамиња напред.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 11/06/09

photo

Блокираните разговори со ММФ ја зголемија загриженоста за некогаш брзоразвивачката економија на Турција. [Getty Images]

И покрај неколку обиди, владата не успеа да постигне договор со ММФ од мај 2008 година.

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган жестоко се противи на барањата на ММФ кои ќе го затегнат буџетот и ќе го направат потранспарентен, и ќе ја намалат јавната вработеност и ќе го ограничат политичкото влијание врз економијата.

„Ако ни донесат договор со ММФ во согланост со интересите на Турција, тогаш ќе го потпишеме ... Тие сакаат Администрацијата за приходи да биде автономна институција. Тоа не е можно“, рече Ердоган за весникот Сабах.

Иако скептиците предупредуваат оти пролонгираните преговори може да ги одвратат странските инвеститори, Ердоган не се согласува, велејќи дека Турција може да ја обнови својата економија со домашните ресурси.

Како резултат на бранот странски директни инвестиции, економијата на кандидатката за ЕУ брзо растеше од 2002 до 2006 година, со годишна стапка од 6 отсто, забавувајќи на околу 4,5 отсто следната година.

И покрај забавувањето, Турција, земја со повеќе од 70 милиони жители, се рангираше меѓу 20-те најбогати земји во светот во 2008 година.

Влијанието на светската финансиска криза, сепак, ја потресе Турција. Невработеноста порасна за историски 16 отсто минатиот февруари, а извозот се намали на скоро 4 отсто во мај, во споредба со цифрите минатата година.

Економистите предупредуваат дека турската економија може уште повеќе да се намали, предвидувајќи дефлација од 5,1 отсто во 2009 година.

Некои аналитичари гледаат во ММФ засолниште за Турција во економската бура. Ако Ердоган и ММФ успеат да најдат заеднички јазик, ММФ се очекува да внесе меѓу 10 и 20 милијарди американски долари во економијата.

Сепак, договорот, исто така, значи реструктуирање на таа економија, што може да биде болно за малите претпријатија и синдикатите.

Стравувањата од „горката пилула“ на ММФ ги подели бизнис здруженијата. Влијателното Здружение на турските индустријалци и бизнисмени (ТУСИАД) -- како и банкарскиот сектор -- повикаа на итен договор со ММФ.

Извозниците, од друга страна, стравуваат од последиците од финансиската помош.

„Можеби ни требаат свежи пари од ММФ, но ова е сериозно прашање и не смее да се прави несредено.“

Поврзани написи

Loading

Наместо помошта на ММФ, Турција предложи иницијативен пакет минатата недела, со цел создавање 500.000 работни места, како и поддршка на инвестициите во посиромашните региони на земјата, и големи кратења на даноците за инвеститорите.

Не се знае дали само овој пакет може да ја излечи заболената турска економија. Претседателот на Конфедерација на млади бизнисмени на Турција, Хазим Шешли, го поздрави стимулативниот пакет, но рече дека гледа црвени знамиња на патот, ако не се постигне договор со ММФ.

„Со новиот стимулативен пакет, на домашните пазари се создаде позитивна клима. Сега со нетрпение чекаме да се постигне договор со ММФ наскоро, да се прошири оваа позитивна клима на меѓународните пазари“, рече Шешли.

„По 14 месеци долги разговори меѓу владата и ММФ, сега е потребно успешно да се завршат овие преговори, што е можно поскоро.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар