05/06/2009
Голем одѕив на гласачите се очекува во Кипар, како и во 33 избирачки места во странство.
Од Христос Рингас за Southeast European Times во Атина -- 05/06/09
![]() Гласачите ќе добијат шанса да гласаат в сабота (6-ти јуни) на изборите за ЕП. [Getty Images] |
Кипар ќе ги одржи своите избори за Европскиот парламент в сабота (6-ти јуни) и ќе ги преброи гласовите следниот ден, и покрај православниот празник Пентекост, или Катаклизма, кој се паѓа в понеделник.
Спротивно на трендот насекаде низ Европа, одѕивот се очекува да биде висок. Над 70 отсто од регистрираните гласачи излегоа на гласање во 2004 година и бројките најверојатно ќе се повисоки од европскиот просек од околу 45 отсто втор пат по ред.
Околу 500.000 луѓе се регистрирани за изборите во Кипар, кој има вкупно население од скоро 800.000. Околу 28 отсто од граѓаните се под возрасната граница за гласање од 18 години.
Вителот домашни прашања, а не европски, се чини дека создава голема врева меѓу гласачите, според Мирја Василиаду, социолог и шеф на Европското женско лоби.
„Политичките партии во Кипар претежно дискутираат околу националните прашања. Малку европски теми кои се предмет на дебата -- и сакам јасно да кажам дека тие се многу малку -- се сконцентрирани на миграцијата и пограничната контрола и финансискат криза. Но, финансиската криза се чини дека го погодува Кипар прилично доцна и не толку многу како другите европски земји, па затоа не е некој голем предмет на интерес“, рече Василиаду, во интервју минатиот месец за весникот НРЦ Нанделсблад.
Кипар има шест места што треба да ги пополни во Стразбур, исто како на претходните избори. Вкупно 736 членови од блокот на 27 земји го сочинуваат ЕП.
Во обид да им се излезе во пресрет на гласачите, гласачките ливчиња ќе бидат издадени и на грчки и на турски јазик, и 33 избирачки места ќе бидат отворени во странство, вклучително и 20 во Грција и 5 во Велика Британија.
Скоро 10.000 гласачи се очекува да излезат на гласање.
„Се надеваме дека ова ќе биде возможно, за да им се услужи на повеќе луѓе и да се ограничи далечината што треба да ја поминат за да стигнат на избирачките места“, рече претседателот Деметрис Христофиас.
На изборите во 2004 година Демократскиот собир (ДИСИ) освои 28,2 отсто од гласовите. Напредната партија на работниот народ (АКЕЛ) заврши на блиско второ место, со 27,9 отсто од гласовите, а Демократската партија (ДИКО) беше трета, со околу 17 отсто од гласовите.
Според веб-страницата на ЕП, политичките партии добија субвенција од владата да ги финансираат своите предизборни кампањи, врз основа на нивните резултати на претходните избори.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's