„Новиот почеток“ на Обама допре до народот на Балканот

05/06/2009

Повикот на американскиот претседател Барак Обама за надминување на разликите, одекна во дел од светот на кој не му е туѓ меѓурелигискиот судир.

Од Беса Беќири, Јусуф Рамадановиќ и Aјхан Шимшек за Southeast European Times

photo

Американскиот претседател Барак Обама мафта со раката по својот говор на Универзитетот Каиро во четвртокот (4-ти јуни). [Getty Images]

Следејќи го говорот на американскиот претседател Барак Обама во Каиро, Селим Беговиќ се потсети на своето лично искуство со екстремизмот и верската омраза.

Сараевскиот градежен менаџер вели дека бил присилен да го напушти своето родно село во источна Босна и Херцеговина (БиХ). „Навистина е бесцелно -- иако сум почувствувал омраза на сопствената кожа -- луѓето да се мразат меѓу себе поради својата вера.“

Во своето обраќање од четвртокот (4-ти јуни), Обама ги призна историските тензии меѓу Западот и исламот. Тој повика на „нов почеток меѓу Соединетите Држави и муслиманите низ целиот свет ... кој ќе се базира на вистината дека Америка и исламот не се меѓусебно исклучиви и не треба да се натпреваруваат меѓу себе. Тие, всушност, се преклопуваат и делат заеднички принципи -- принпципите на правда и напредок; толеранција и достоинство на сите човечки суштества.“

Неговиот говор го привлече вниманието на луѓето на Балканот, каде што верските разлики придонесоа во разгорувањето на крвавиот судир по падот на Југославија на почетокот од 1990-тите. Американскиот претседател посебно го нагласи геноцидот во Босна и Херцеговина, нарекувајќи ги убиствата на невините луѓе таму и во Дарфур „дамка врз нашата колективна совест“.

„Не можам да сфатам зошто воопшто постои верската омраза. Таа не може да постои меѓу луѓе кои вистински веруваат во Господ“, рече за SETimes сараевскиот таксист Азем Каруп. „Америка отсекогаш била правична во проценувањето на ситуацијата во Босна.“

Според големиот муфтија на БиХ, Мустафа Ефендија Чериќ, Обама пренел „порака на мир и помирување засновани на вистината и правдата“.

„Се разбира, за мене, како Босанец, особено е трогателно тоа што од 1,5 милијарди муслимани во светот, го најдовме овој мал момент или овој мал простор во неговиот говор ... [за] оваа наша мала Босна, што по своите морални вредности зазема позиција на врвот“, Радио Слободна Европа го цитираше Чериќ. „Се надеваме дека ќе бидеме достојни на улогата што ни е сега понудена.“

Говорот во Каиро доби широко покривање и во Косово, каде што етничката поделба меѓу Албанците и Србите е, исто така, верска, меѓу муслимани и православни христијани. Локалните медиуми го истакнаа инсистирањето на Обама дека САД никогаш не биле во војна со исламот, и неговиот повик за прекинување на кругот сомневања и несогласувања.

Според Кујтим Кервеши, експерт по меѓународно право на Косовскиот правен институт, зборовите на Обама „повторно ја покажаа посветеноста на американската администрација за воспоставување пријателски односи. Потеклото на г-дин Обама, неговото културно наследство и животно искуство помагаат за една ваква обединетост, особено во врска со „муслиманскиот свет“.

Цитирањето на американскиот претседател на светиот Куран, ја покажува неговата човечка природа и дух, како и неговото знаење за светската култура, изјави Кервеши за SETimes.

„Јас сум сосема убеден дека неговиот говор ќе биде меѓу историските говори -- кој, заедно со неговите идни активности и постигнувања во врска со мирот и безбедноста во светот, ќе ја гради светската благосостојба и безбедност.“

Во меѓувреме, во Турција, зборовите на Обама беа поздравени како од политичките исламисти, така и од секуларистите -- двата главни кампуси кои се во нескротлива дебата во врска со правецот по кој треба да се движи државата. Обама беше добро пречекан во Анкара во април, и домашните анкети покажуваат скок од 25 отсто во позитивните ставови кон Соединетите Држави во последниве месеци.

Турција, кандидатка за членка на ЕУ, се обидува да ги придобие скептиците во блокот и да стане негова прва претежно муслиманска земја-членка. Во меѓувреме, политичката сцена на земјата ја потресуваат расправии за улогата на религијата.

„Тој искрено ги сподели чувствата и мислите на луѓето во исламските земји и ги изрази. Ова претставува голема надеж“, рече претседателот Абдула Ѓул за говорот во Каиро, опишувајќи го како „искрен, чесен и реален“.

Во секуларистичкиот весник Чумхуријет, колумнистот и професот по социологија Емре Косгар го пофали говорот како „извонреден“. Тој, сепак, предупреди да не се користат зборовите на Обама во домашните политички контроверзности, како што е забраната за носење муслимански шамии на турските универзитети.

Поврзани написи

Loading

„Не треба да носиме брзи заклучоци ... под влијание на нашата поларизација на домашните проблеми“, напиша тој.

Фехми Кору, колумнист во провладиниот весник Јени Сафак, рече дека администрацијата на Обама го промени тонот на американскиот дијалог со светот. „Идејата ,или сте со нас или сте против нас’ се губи“, напиша тој.

„Ако Обама вложи сериозни напори -- во согласност со идеите што ги изнесе во Каиро -- за градење нов свет со правда, исламскиот свет брзо ќе му даде позитивен одговор.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар