Полицајците од косовските Срби што штрајкуваат се соочуваат со краен рок

04/06/2009

Српскиот државен секретар за Косово, Оливер Ивановиќ, побара од ЕУЛЕКС мала одвоеност од институциите, за да можат српските полицајци да се вратат на работа.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина – 04/06/09

photo

Полицајците од косовските Срби мора да се вратат на работа до крајот на месецов, или ќе бидат отпуштени. [Getty Images]

Косовските власти го одредија 30-ти јуни како краен рок за враќање на работа за околу 250 полицајци од косовските Срби. Тие ги напуштија своите работни места пред неколку месеци, одбивајќи да служат под Косовската полициска служба (КПС).

Портпаролот на КПС Арбер Бека за Southeast European Times минатиот месец изјави дека 43 српски полицајци се вратија на работа откако Приштина го издаде ултиматумот дека ако не се јават на работа, ќе бидат отпуштени. „Очекуваме повеќето од нив да се вратат, но тие имаат рок до 30-ти јуни. Ако не го сторат тоа ... нивните работни договори ќе бидат поништени“, рече Бека.

Српскиот државен секретар за Косово, Оливер Ивановиќ, рече дека „нема подготвеност Србите да се интегрираат во КПС без какви било ограничувања“. Тој за српскиот весник Политикa изјави дека постои потреба за посредници на секое ниво, а не за одделен команден синџир.

„Малата одвоеност од институциите би ни овозможила да работиме, а да не го имаме тоа непријатно чувство дека сме дел од независни државни институции“, рече Ивановиќ.

Тој предлага претставник на ЕУЛЕКС да биде одговорен „за координирање на српските полицајци во општинските и регионалните полициски станици“ и „ЕУЛЕКС треба да ... иницира договор со српските власти“.

Поврзани написи

Loading

Ивановиќ предупреди дека „ова враќање не смее да се случи хаотично или спонтано“. Во изјавата за радиотелевизиската мрежа Б92, тој ја истакна важноста на „меѓународните претставници во Косово ... ЕУЛЕКС во овој момент, заради внимателен пристап и овозможување ... евентуална интеграција на Србите во косовската полиција“.

Минатиот месец заменик комесарот на КПС Шеремет Ахмети изрази уверување дека барањето на полицијата за интегрирање во КПС е искрено.

Сепак, Ахмети потврди дека крајниот рок на 30-ти јуни се приближува. „Ние сме решени и обврзани да го почитуваме крајниот рок утврден од косовското Министерство за внатрешни работи, што значи дека по 30-ти јуни ... ние ќе бидеме принудени да ги откажеме нивните договори“, рече Ахмети.

Министерството за внатрешни работи вели дека српските полицајци кои ќе се вратат до крајниот рок нема да подлежат на никакви дисциплински мерки.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар