03/06/2009
Партијата на градоначалникот на Софија Бојко Борисов, ГЕРБ, влегува во изборите в недела за ЕП како главен фаворит, пред социјалистите и уште три други противкандидати.
(Разни избори -- 26/05/09 - 01/06/09)
![]() Плакати од предизборната кампања за престојните избори за Европскиот парламент се излепени во југоисточниот град Јамбол, Бугарија. [Getty Images] |
Десничарската опозициска партија е подготвена да освои најмногу гласови на изборите во Бугарија за Европскиот парламент (ЕП). Изборите в недела (7-ми јуни), на кои граѓаните ќе изберат 17 свои претставници во следниот законодавен дом на ЕУ од 736 места, нашироко се гледаат како генерална проба за општите избори во земјата на 5-ти јули.
Ако се oстварат бројките од анкетите, Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе испрати пет или шест претставници во Стразбур и Брисел.
Партијата, предводена од градоначалникот на Софија Бојко Борисов, победи на првите избори за ЕП во мај 2007 година, со 22 отсто од гласовите. Овојпат, се чини дека таа е решена да освои меѓу 30 и 36 отсто од гласовите.
На второ место е левичарската Коалиција за Бугарија, предводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП) на премиерот Сергеј Станишев. Анкетите покажаа дека е голема веројатноста таа да освои меѓу 21 и 27 отсто од гласовите, што ќе й обезбеди четири до пет места.
Подобрувањето на меѓународниот имиџ на Бугарија беше во фокусот на предизборната кампања. Повеќето партии и коалиции ветија дека ќе ја исчистат репутацијата на Бугарија, многу оцрнета од незадржливиот организиран криминал и корупцијата на високо ниво. Сомневањата за измами и нерегуларности доведоа до тоа ЕУ да й одземе стотици милиони евра помош, што му оневозможи на народот целосно да ги искористи бенефициите од членството на Бугарија во блок.
Политичките тензии се вжештија, особено по контроверзните измени на изборната легислатива пред два месеци и бројните обиди за спречување на учеството на неодамна формираната Сина коалиција. Скандалот околу поврзаноста меѓу кампањата на Станишев и претпријатието кое ќе ги обработува изборните резултати ги подгреаја загриженостите и стравувањата. Исто така, постои загриженост дека купувањето гласови -- вообичаена практика во изминативе пет години -- повторно ќе го наруши процесот, и покрај построгите парични казни.
Одѕивот е уште една менлива вредност. Анкетите покажуваат дека истиот најверојатно ќе се движи меѓу 35 и 40 отсто од вкупно регистрираните 6,7 милиони гласачи. Аналитичарите велат дека сите значајни отклонувања од овие предвидувања би можеле да имаат големо влијание врз резултатите.
Ако излезат повеќе гласачи од очекуваното, ГЕРБ и Сината коалиција, најверојатно, ќе имаат корист од тоа. Но, ако одѕивот падне на околу 25 отсто, малцинската партија Движење за правата и слободите (МРФ) може да избие како главен глас на Бугарија во ЕП.
Резултатите на анкетите за МРФ, моментно помал партнер во владината коалиција предводена од БСП, се движат од 10 отсто во истражувањето Сова Харис до 19 отсто во она на МБМД. Ако се остварат овие предвидувања, партијата ќе освои две до четири места.
Сината коалиција, најверојатно, ќе освои меѓу 6 и 9 отсто од гласовите, што значи едно места во ЕП. Новоформираниот блок вклучува неколку десничарски партии, меѓу кои и Сојузот на демократските сили и Демократите за силна Бугарија. Во меѓувреме, ултранационалистичката партија Атака (Напад) најверојатно ќе освои меѓу 8 и 11 отсто од гласовите, односно едно место.
Само партиите кои ќе го исполнат изборниот праг од 5,88 отсто, може да влезат во ЕП.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's