Без изненадувања на локалните избори во Хрватска

02/06/2009

Додека актуелниот градоначалник ќе продолжи да го води Загреб, другите хрватски градови ќе имаат некои нови лица на врвот.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 02/06/09

photo

Жељко Керум, контроверзен бизнисмен, беше избран за градоначалник на Сплит, во вториот круг од локалните и општинските избори во Хрватска. [Getty Images]

Вториот круг од локалните и општинските избори во Хрватска во неделата (31-ви мај) не привлекоа онолку гласачи колку во првиот круг, пред две недели. До затворањето на избирачките места во 4 часот попладне, гласаа само 26,5 отсто од 3 милиони регистрирани гласачи.

Прелиминарните резултати, потврдени од државната изборна комисија, покажаа дека градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ добил нешто повеќе од 60 отсто од гласовите. Бандиќ, кандидат на Социјалдемократската партија (СДП), има екстравагантен и честопати контроверзен политички стил и популистичка наклонетост кон конзервативните, националистички вредности.

Бандиќ рече дека резултатите покажуваат оти жителите на Загреб ги признаваат неговите изминати напори, бидејќи тој вети дека ќе продолжи со работата веднаш по прославувањето на изборната победа.

Поврзани написи

Loading

Неговиот противкандидат, универзитетскиот професор Јосип Крегар, освои нешто повеќе од 30 отсто од гласовите, но како независен немаше партиска поткрепа. „Овие резултати мора да се горки за оној што победи“, рече тој, имплицирајќи корупција.

Во Сплит, вториот по големина град, независниот кандидат Жељко Керум освои над 57 отсто од гласовите во кампањата финансирана од бизнисмени. Иако Керум нема политичко искуство, тој вети дека „ќе ги вработи сите во градот и ќе почне со работа утре“. Тој го победи членот на СДП, Ранко Остојиќ.

Третиот по големина град, Ријека, го избра Војко Оберснел, член на СДП, во првиот круг, додека Осиек, четвртиот по големина град, го избра Крешимир Бубало, член на Хрватската демократска партија на Славонија и Барања (ХДССБ).

Во Дубровник градоначалничката од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Дубравка Шуица изгуби од кандидатот на централно-левичарската Хрватска народна партија (ХНС) Андро Влахусиќ. Во предградието на Загреб Велика Горица, поранешниот министер за надворешни работи на СДП, Тонино Пицула, изгуби од релативно непознатиот кандидат на ХДЗ Дражен Баришиќ. Во Вуковар, неколкудецениското водство на ХДЗ беше поразено од кандидатот на СДП Жељко Сабо.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар