Се намалува нивото на сиромаштија во Албанија

25/05/2009

Економскиот раст и реформите донесоа добри вести за сиромашните во Албанија, но актуелната светска финансиска криза претставува предизвик.

Од Мањола Хала за Southeast European Times во Тирана -- 25/05/09

photo

Албанскиот Институт за статистика, Светската банка и Програмата за развој на Обединетите Нации го спроведоа истражувањето. [Getty Images]

Сиромаштијата во Албанија значително е намалена меѓу 2002 и 2009 година, покажа една нова студија. Во истата се заклучува дека бројот на Албанци што живеат под нивото на сиромаштија се намали од 25,4 отсто во 2002 година на 12,4 отсто во 2008 година.

Истражувањето го спроведе Албанскиот институт за статистика, Светската банка и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Во 2002 година имало околу 800.000 сиромашни луѓе, но повеќе од половина од нив -- 435.000 -- се извлекле од сиромаштината до 2008 година, покажа новата студија. Сиромаштијата драстично е намалена во руралните области, додека реалната потрошувачка е зголемена низ целата земја, односно, постигнат е раст од 7 отсто од 2005 година.

„Широки области во Албанија и понатаму имаат опаѓачки нивоа на сиромаштија“, се вели во соопштението за печатот на Светската банка. „Централните области имаа најголемо намалување на нивоата на сиромаштија од 2005 година.“

Меѓу причините за позитивната тенденција се: високиот раст на БДП, економските реформи, проширената инфраструктура и подобреното управување, се вели во студијата.

Централно-десничарската администрација на премиерот Сали Бериша си ги презема заслугите. „Намалувањето на сиромаштијата ... го покажува успехот на реформите што ги прави владата“, рече на прес-конференција министерот за интеграција, Мајлинда Брегу.

Опозициските партии, пак, велат дека вестите не се воопшто добри. Тие посочуваат на разликите меѓу различните региони и население.

„Неизедначеноста на регионалните приходи за секое семејство е многу голема во Албанија. Сиромаштијата во областа на Лежа изнесува 31 отсто, во Кукеш 37 отсто и во Дибер 41 отсто, што е над националниот просек“, рече Ервин Бушати, за трите северни планиски области на земјата.

Поврзани написи

Loading

И навистина, студијата покажа дека нивото на сиромаштија во планинските области не држи чекор со остатокот од земјата.

„Податоците покажуваат значително забавување во стапката на сиромаштија во планинските области, каде што процентот и понатаму е највисок и кои имаат мали измени од 2005 година“, соопшти Светската банка.

Студијата се потпира првенствено на податоците од мерните истражувањата за животниот стандард, од периодот април-јуни 2002 година, мај-јули 2005 година и јуни-август 2008 година, земени од примероците од скоро 3.600 домаќинства.

Резултатите не го одразуваат влијанието на актуелната светска финансиска криза. Претставниците на Светската банка и УНДП предупредуваат дека падот во нивото на сиромаштијата е можно да прекине или да се промени, ако не се преземат соодветни мерки. ММФ сигнализираше дека е можно да следат потешки времиња за Албанија, предвидувајќи намалување на растот на БДП на 0,4 отсто оваа година, од 6,8 отсто во 2008 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар