21/05/2009
Резултатите покажаа недостаток на директни победи во првиот круг, особено во повеќето големи градови. А изборните набљудувачи јавија за непочитување на забраната за агитирање на избирачките места.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 21/05/09
![]() Хрватите гласаа на локалните и регионалните избори во неделата (17-ти мај). [Getty Images] |
По затворањето на избирачките места во неделата (17-ти мај), на локалните избори, предвремените резултати покажаа дека само во Риека, меѓу поголемите градови, гласачите избраа градоначалник во првиот круг. Во другите хрватски градови, ниту еден кандидат не успеа да обезбеди победа во првиот круг.
На изборите гласаа вкупно 1,9 милиони граѓани. За првпат откако Хрватска доби независност во 1991 година, гласачите директно избраа 866 членови на 21 жупаниско собрание, 2.206 членови на 126 градски совети и 5,343 членови на 427 општински совети. Вкупно 46.325 кандидати учествуваа на изборите.
Првичните официјални резултати покажаа дека владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) победи на изборите во 14 жупании. Сепак, партијата не обезбеди победа во првиот круг во четирите најголеми градови -- Загреб, Сплит, Ријека и Осијек.
Опозициската Социјалдемократска партија (СДП) победи во четири жупании и успеа да го задржи градоналничкото место во Ријека во првиот круг. Двајца кандидати на СДП ќе влезат во вториот круг од трката за двата најголеми града во земјата, Загреб и Сплит.
Гласачите за првпат ги избираат своите општински водачи, при што тие се очигледно фокусирани на остварувањата и политичките агенди на кандидатите, наместо да ја следат традицијата и најпрво да ја погледнат идентификацијата на партијата.
Покрај ова, независните кандидати водеа кампањи без поддршка на партиските апарати -- што се сметаше во минатото основно за победа -- особено во големите градови. Независните кандидати беа особено успешни во Загреб и Сплит.
Во Загреб, градоначалникот од СДП Милан Бандиќ не успеа да ги обезбеди потребните 50 отсто од гласовите за победа во првиот круг, односно обезбеди помал успех од она што покажуваа предизборните анкети. Тој доби 48,54 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат, претходно непознат универзитетски професор и независен кандидат Јосип Крегар, освои 23,118 отсто од гласовите.
Во Сплит, контроверзниот бизнисмен и кандидат за првпат на едни избори Жељко Керум освои 40.21 отсто од гласовите, додека второрангираниот, кандидатот на СДП Ранко Остојиќ, освои 34,72 отсто од гласовите.
Во Осиек, Крешимир Бубало, член на Хрватската демократска партија на Славонија и Барања (ХДССБ) на осудениот за воени злосторства Браминир Главаш, освои 38,71 отсто од гласовите, додека претседателот на Хрватската партија на правата (ХСП), Анто Ѓапиќ, освои 22,94 отсто од гласовите, што призна дека е „слаб резултат“.
Откако државната изборна комисија ќе ги верификува резултатите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 31-ви мај.
ГОНГ, хрватска невладина организација што ги следи изборите, распореди 700 набљудувачи, ГОНГ вели дека добила преку 250 жалби претежно, но не исклучиво, за партиски активисти кои ја прекршиле забраната за агитирање на денот на изборите и за обид за влијаење или закана на гласачите во или околу избирачките места. Истата пријави неколку случаи на насилство.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's