Турција постави пречка за отворањето на границата со Ерменија

19/05/2009

Турскиот сојузник Азербејџан сака Јереван да ги повлече своите војници од Нагорно-Карабах пред Анкара да ја отвори својата граница со Ерменија.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times во Анкара -- 19/05/09

photo

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вели дека Анкара нема да ја отвори својата граница со Ерменија додека Јереван не ги повлече своите војници од Нагорно-Карабах. [Getty Images]

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги разочара ерменските водачи минатата недела, велејќи за време на посетата на Баку дека Турција нема повторно да ја отвори границата со Ерменија ако Јереван не ги повлече своите војници од спорниот регион на Нагорно-Карабах во Азербејџан.

Пораката на Ердоган беше јасна победа за азербејџанскиот претседател Илхем Алиев, кој долго време ја повикува Турција да побара отстранување на ерменските сили од спорната област. Овие сили го контролираат Нагорно-Карабах уште од раните 1990-ти, поради што Азербејџан и Турција ги блокираа своите граници со својот копнен сосед.

Властите во Јереван веднаш одговорија на коментарите на Ердоган. „Секој турски обид за мешање во решавањето на проблемот со Нагорно-Карабах може само да му наштети на процесот“, рече ерменскиот претседател Серж Саркшјан.

Со ова, оптимизмот кој се градеше повеќе од една година, исчезна. Само пред неколку недели, Турција и Ерменија го објавија својот договор за „патоказот“ за нормализирање на односите. Изјавите на Ердоган ги изненадија не само Јереван и западните држави, туку и експерите за турската надворешна политика.

„Каква ужасна дипломатија“, напиша колумнистот на Referans Ченгиз Чандар.

„Може ли Турција да се поврати од оваа грешка?“, прашува тој. „Верувам дека [дипломатското заздравување] е можно само ако се постигне договор меѓу Азербејџан и Ерменија во блиска иднина.“

Ердоган, пак, можеби мислеше дека нема избор, откако се соочи со притисокот од опозициските партии, кои го обвинија дека издава еден сојузник, и од разлутениот Баку.

Откако Турција и Ерменија го објавија планот за нормализација на односите, азербејџанските водачи ја посочија потребата за обновување на договорот за гас со Турција и можеби ревидирање на поволната цена што моментно ја наплаќаат -- помалку од половина од цената што на Турција й ја бараат другите извозници на гас.

На Анкара, исто така, й е потребна азербејџанска поддршка за реализација на стратешкиот проект за гасоводот Набуко, кој ќе ја намали европската зависност од рускиот гас.

Затоа не беше изненадување тоа што турскиот министер за енергија, Танер Јилдиз, го придружуваше Ердоган во Баку.

Поврзани написи

Loading

Експертите имаат различно мислење во врска со шансите на Турција за избегнување на актуелната криза. Некои предвидуваат дека загриженоста на Азербејџан -- и потребата за евтин природен гас -- и понатаму ќе влијаат на политиката во Анкара. Други, пак, ги истакнуваат долгорочните бенефиции од подобрувањето на односите со Ерменија, како за Турција, така и за Азербејџан.

Со засенувањето на Грузија поради домашната нестабилност и заканата од Русија, Ерменија сé повеќе изгледа како подобар посредник за касписките енергетски снабдувачи. Покрај ова, овозможувањето на долго блокираната Ерменија да просперира, може да ја оттргне од нејзината економска зависност од дијаспората, која е за тврдокорен став кон Турција и Азербејџан.

САД неодамна ги зголемија своите напори за забрзување на решението во Карабах и олеснување на турско-ерменската нормализација.

Другите претседавачи со Групата Минск на ОБСЕ -- Русија, Франција и САД -- ги надгледуваат преговорите. Азербејџанските и ерменските водачи ќе се состанат во Санкт Петерсбург на 4-ти јуни, во обид за премостување на нивните разлики.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар