Студија покажа дека софтверското пиратство е во пораст

13/05/2009

Централна и Источна Европа останаа регион со највисока стапка на софтверско пиратство во светот минатата година, покажа извештајот објавен во вторникот.

(ВСЈ, АФП, Ројтерс, Ксинхуа, Софија ечо, Novinite.bg, Meдиафакс, Бизнис софтвер алијанс - 12/05/09)

photo

Софтверското пиратство ги чини претпријатијата 38,8 милијарди евра -- 11 отсто повеќе отколку минатата година. [AФП]

Загубите што го претрпеле претпријатијата поради софтверското пиратство на компјутерите ја надмина сумата од 3,7 милијарди евра минатата година, се вели во годишниот извештај од вторникот (12-ти мај) на Бизнис софтвер алијанс (БСА).

И покрај тоа што е постигнат одреден напредок во намалувањето на нелегалната употреба на софтверските компјутерски производи „светската стапка на пиратство скокна од 38 отсто во 2007 година, на 41 отсто во 2008 година“, според студијата спроведена од ИДЦ, водечко претпријатие за информатичко разузнавање, за БСА.

Според извештајот, стапките на пиратство, всушност, паднале или останале непроменети во 93 од 110 испитани земји.

Заменик-претседателот на БСА Џефри Харди го припиша целокупното зголемување на „математичкиот исход од побрзиот раст на компјутерските пазари во економиите со повисока стапка на пиратство“.

Монетарната вредност на нелиценцираниот софтвер се зголеми за повеќе од 3,7 милијарди евра за период од една година, на околу 38,8 милијарди евра во 2008 година. „Настрана од влијанието на девизните курсеви, загубите се зголемија за 5 отсто“, се додава во извештајот.

И покрај падот од два процентни поени, Централна и Источна Европа (ЦЕЕ) останаа регион со највисока стапка на пиратство, од 66 отсто. Следна е Латинска Америка, со 65 отсто веќе втора година по ред. Азиски Пацифик беше единствениот регион каде што употребата на илегални компјутерски софтверски производи порасна -- од 59 отсто во 2007 година на 61 отсто минатата година, доведувајќи ги загубите на претпријатијата до повеќе од 11 милијарди евра.

„Земји со најниска стапка на пиратство се САД, Јапонија, Нов Зеланд и Луксембург, сите близу 20 отсто“, се вели во извештајот. Во исто време, поради нејзината големина, САД е земја со најголеми монетарни загуби од пиратството, од преку 6,6 милијарди евра.

Загубите на регионот на ЦЕЕ изнесуваа 5,1 милијарда евра од целокупните загуби што ги претрпеа софтверските претпријатија минатата година, при што делот на Русија во таа сума изнесуваше 3,1 милијарда евра.

Поврзани написи

Loading

Балканските земји со највисока стапка на пиратство се Црна Гора (83 отсто), Албанија (77 отсто) и Србија (74 отсто), додека Хрватска остана со најниска стапка во регионот, втора година по ред, со 54 отсто.

Иако компјутерското софтверско пиратство на Романија падна за два процентни поени, на 66 отсто, загубите што ги претрпеа софтверските претпријатија во земјата пораснаа за 65 отсто.

„Овој извештај го покажува влијанието [на] напорите за намалување на софтверското пиратство во Романија“, романската новинска агенција Медиафакс ја цитираше локалната претставничка на БСА, Магда Попеску, во вторникот.

Стапката на пиратство во Бугарија и Македонија останува непроменета, односно 68 отсто, веќе втора година по ред. Но, загубите што ги претрпеа бугарските претпријатија двојно се зголемија. Во Македонија загубите пораснаа за 21 отсто.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар