07/05/2009
Македонската влада го измени Законот за јавното здравје, за да загарантира примарна здравствена заштита за сите.
Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопјe -- 07/05/09
![]() Со овој закон, сите пациенти ќе добиваат здравствена заштита на иста основа како оние што се вработени и плаќаат за здравствено осигурување. [EУ] |
Илјадници македонски граѓани, кои претходно имаа пристап само до услугите на брзата помош и некои други болнички услуги, сега ќе може да добиваат бесплатна примарна здравствена заштита преку владата. Истата ги покрива ранливите делови од населението, како што се бездомниците, постарите и невработените.
Промената произлегува од измената на Законот за јавното здравје, која стапи на сила минатиот месец. Целта на новиот закон е да ги опфати „маргинализираните групи“, рече премиерот Никола Груевски.
Министерот за здравство, Бујар Османи, потврди дека, со овие реформи, владата за првпат го запазува главниот принцип на македонскиот устав: покривањето и заштитата на здравјето на сите граѓани.
Владата финансиски ќе ја помогне заштитата на новоопфатените пациенти, овозможувајќи им да добијат здравствени услуги на иста основа како и оние што се вработени и плаќаат здравствено осигурување.
Универзалното здравствено осигурување опфаќа неограничен број посети на лекари од примарната заштита, превентивна заштита и испитувања, како и лекувања во странство. Пациентите со специфични, заразни болести, исто така, ќе можат да се лекуваат според овој план, ако немаат друго осигурување. Тие сепак ќе мора да плаќаат за лековите.
Заменик-министерот за здравство, Владимир Поповски, објасни дека новиот закон ја хармонизира теминологијата со онаа на земјите-членки на ЕУ. Македонскиот Републички завод за здравствствена заштита сега ќе се нарекува Институт за јавно здравство, а неговите регионални канцеларии, центри за јавно здравје.
Според првичните финансиски проекции, спроведувањето на овој нов систем на здравствена заштита ќе чини повеќе од 5 милиони евра.
Иако општеството генерално го поздрави проширувањето на здравствената заштита, некои лекари го критикуваа претстојното оптоварување на државниот буџет. Парите, велат тие, треба да се искористат и за многу руинирани болници, кои немаат соодветни медицински резерви или опрема.
Според д-р Ѓорѓе Јованов, „Со парите што владата сега ги обезбедува ќе бидат опфатени многу од пациентите кои досега не можеа да добијат здравствена заштита, што е многу добро. Од друга страна, дел од овие пари може да се искористат за подобрување на условите за пациентите кои веќе имаат осигурување“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's