Студентските протести се шират низ хрватските универзитети

04/05/2009

Хрватските студенти ги окупираа факултетите на универзитетите, барајќи враќање на универзалното бесплатно високо образование.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 04/05/09

photo

Повеќе од 1.000 студенти започнаа протести на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб на 20-ти април, барајќи бесплатно школување. [Getty Images]

Владините планови за префрлање на поголем дел од трошоците за високото образование на студентите и нивните родители ги налутија студентите во земјата. Преку 1.000 од нив започнаа демонстранции на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб на 20-ти април, барајќи бесплатно образование.

Оттогаш, стотици студенти во големите академски центри низ Хрватска -- Осиек, Задар, Риека и Сплит -- се приклучија на штрајкот. До крајот на април, лутите студенти физички зазедоа 15 факултети низ државата, за да го искажат своето несогласување.

Студентите во Хрватска немаа одржано протести со децении. Последните студентски протести датираат од времето на Југославија и „Хрватската пролет“ во 1971 година, кога беше искажано широкото барање за големи демократски и економски слободи.

Сегашните демонстранти сакаат образовните власти да ги поддржат и да ги укинат универзитетските трошоци, тврдејќи дека тие го уништуваат и онака преоптоварениот буџет на едно просечно семејство. Тврдејќи дека високото образование не е привилегија, туку универзално право, тие сакаат да ја спречат и новата владина политика која нуди бесплатно образование само за оние кои ги полагаат испитите навреме. Мерката ќе стапи на сила следната година.

До неодамна, Хрватска ја спроведуваше старата југословенска пракса на бесплатно високо образование. Но, сега, со новата владина политика за образованието, студентите плаќаат од 500 до 1.000 евра годишно, зависно од тоа на кој факултет студираат. Скоро 60 отсто од 160.000 студенти сега плаќаат за школувањето. Само оние кои ги полагаат испитите редовно и имаат високи оценки се ослободени од плаќање.

Поврзани написи

Loading

Министерот за наука и образование, Драган Приморац, непоколебан од демонстрациите, рече дека владата има намера да го прекине спектаклот на „вечни студенти“, кои живеат добар живот за сметка на даночните обврзници. Секоја дополнителна академска година за еден студент кој нема да ги заврши студиите навреме, ја чини владата преку 3.000 евра.

„Сакаме образованието во Хрватска од градинка до постдипломски студии да биде бесплатно, но само за оние што тоа го заслужуваат“, објасни Приморац.

Во еден момент, студентите-демонстранти ги окупираа просториите на нивните факултети цел ден и ноќ, спиејќи на смени. Тие ги спречија професорите да држат предавања. Водачите на протестите, кои се решени да останат анонимни, бараат еднаквост за сите студенти и велат дека имаат поддршка од своите професори и родители.

Секоја вечер, студентите одржуваат пленарни седници кои се отворени за јавноста -- присутните генерално го поддржуваат штрајкот -- на кои решаваат за правецот на дејствувањето за следниот ден и најверојатниот одговор од властите. Демонстрантите им дозволуваат на новинарите да присуствуваат на седниците, но им забрануваат да известуваат. Наместо тоа, студентите издаваат сопствени соопштенија за медиумите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар