Саудиска Арабија стана 58-мата држава што го призна Косово

22/04/2009

Саудиска Арабија стана 58-мата држава што ја призна независноста на Косово. Властите во Приштина изразија благодарност, додека српските власти рекоа дека Меѓународниот суд на правдата мора да донесе пресуда за независноста на поранешната покраина.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина -- 22/04/09

photo

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу рече дека саудиската одлука ќе „има влијание врз другите држави од арапскиот свет и Исламската конференција“. [Getty Images]

Саудискиот амбасадор во ОН, Калид ал-Нафисе, во понеделникот (20-ти април) објави дека Кралството на Саудиска Арабија ја призна државата Косово. Ал-Нафисе му ја потврди веста на косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени, во телефонски разговор. Саудиска Арабија е 58-мата држава што ја призна независноста на поранешната српска покраина.

Хисени во вторникот му пиша на својот саудиски колега, принцот Сауди ал-Фаисал, искажувајќи ја посветеноста на Косово на воспоставувањето блиски и целосни односи помеѓу двете држави.

Според претставник на Министерството за надворешни работи во Ријад, Кралството ја донело својата одлука „во согласност со постојните верски и културни врски со народот во Косово и со почитување на волјата на народот во Косово за добивање независност“, објави Саудиската новинска агенција.

Кралството „се надева дека овој настан ќе даде позитивен придонес за зајакнувањето на столбовите на безбедноста и стабилноста во Косово и соседните земји“, рече официјалниот претставник.

Во Приштина, претседателот Фатмир Сејдиу рече дека саудиската одлука ќе „има влијание врз другите држави од арапскиот свет и Исламската конференција“.

Премиерот Хашим Тачи рече дека саудиското признавање ќе испрати порака до другите земји и дека тие ќе го следат примерот. „Ова признавање ... е признавање на енергичната дипломатска активност на Косово“, рече Тачи.

Хисени изјави за косовската јавна радиотелевизија РТК дека саудиската одлука јасно покажува дека процесот во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за законитоста на независноста на Косово не ги поткопува заложбите на Приштина за дипломатско признавање.

Но, во Белград, српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, рече дека одлуката на Ријад за признавање на Косово е жална. Тој тврди дека МСП треба да го објави своето мислење за легитимноста на косовската независност.

Поврзани написи

Loading

Многу блогери, исто така, го искажаа своето мислење. „Одлично! Сега Катар, Бахреин, Оман, Јордан, Јемен, Либан, Кувајт итн., ќе го следат својот водач!“ Ви благодарам“, напиша Heki на белградската веб-страница Б92 во понеделникот.

Radoslav го насочува вниманието на тековниот случај во МСП. „Очекувам повеќе американски сојузници од арапските земји да го признаат Косово, но тоа сепак нема да смени ништо. ... Ако пресудата на [МСП] биде во полза на Србија, сите претходни признавања се губат во неповрат“, вели тој.

Но, Ivica има поразлично мислење. „Многу е важно народот во Србија да ја прифати реалноста и да погледне во иднината заедно со косовските Албанци. Сигурно дека по Арабија ќе има повеќе земји во Азија кои ќе го признаат Косово како држава.“

"Ова се одлични вести; сепак, се прашувам зошто Србија не им го олесни животот на сите: да го признае Косово и да ги пушти локалните Срби да си продолжат со животот," пишува Kosovar.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар