Србија се бори против пушењето

20/04/2009

Србија е меѓу европските земји со најголем број пушачи. Министерството за здравје предложи понатамошно ограничување на пушењето во јавните и затворени простори.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 20/04/09

photo

Скоро 30 отсто од жените во Србија пушат. [Никола Барбутов/SETimes]

Србија е меѓу европските земји со најголем процент пушачи. Според Министерството за здравство, околу една третина од вкупно 7 милиони граѓани на Србија пушат, скоро 38 отсто од мажите и 30 отсто од жените.

Срмена Крстев, претседателка на српската Комисија за спречување на пушењето, за Southeast European Times изјави дека возраста на која се почнува со пушење постојано се намалува. „Околу 8 отсто до тинејџерите, на возраст меѓу 13 и 15 години, одвреме-навреме палат цигара. Третина од нив ја испушиле првата цигара на 10 години“, рече таа.

Во некои земји, како што се Грција и Турција, скоро половина од мажите пушат. Но, процентот на жените кои пушат во овие земји е многу помал отколку во Србија. „Единствен ,ривал’ на Србија по бројот на пушачи меѓу европските земји е Босна и Херцеговина“, рече таа.

Заради справување со сé поголемиот број здравствени проблеми што ги предизвикува пушењето, Министерството за здравство ги предложи постојните амандмани на законот со кои се забранува пушење во затворени простории. Новиот закон ќе биде построг и ќе ги покрива сите јавни објекти и работни места, вклучително и кафулињата, рестораните и другите услужни објекти.

Белград има намера да го хармонизира овој закон со оние во Европа. Спроведувањето ќе се врши во фази: прво ќе се забрани пушењето на работното место; следно, ќе се определат делови за пушачи во јавните објекти како што се рестораните; и на крајот, целосно ќе се забрани пушењето на јавните места. Спроведувањето на законот нема да биде лесно и се очекува отпор. За да се избегнат можни проблеми, „документот ... ќе биде многу јасен и неговото спроведување ќе биде стриктно дефинирано“, рече Крстев.

Поврзани написи

Loading

Свеста за штетните последици од пушењето расте, особено од опасноста од пасивното пушење. „Ако една третина од населението пуши, мораме да мислиме за другите две третини ... чие здравје е доведено во опасност“, додаде таа.

Министерството за здравство планира серија интензивни кампањи за посистематско ширење на пораката, рече Крстев. Актуелната кампања -- „Чадот од цигари е сериски убиец“ -- има за цел да ги уплаши пушачите и тие да се загрижат за своето здравје. Истата веќе покажува резултати: од 2006 до 2008 година, 7 отсто од мажите и 3 отсто од жените се откажале од пушење.

Следната кампања ќе биде апел до пушачите: „Откажете се од пушењето“. Целта е да се посочи дека пушењето предизвикува голем број болести, од кои некои се смртоносни.

Цигарите се најчестата причина за малигните болести, мозочниот удар и инфарктот. Пушењето е особено штетно за време на бременоста, рече Крстев, и може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај децата многу подоцна во животот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар