Maкедонија го положи изборниот тест, велат набљудувачите

24/03/2009

Странските и домашните набљудувачи рекоа дека првиот круг избори во Македонија беше демократски и мирен. Американскиот амбасадор и комесарот за проширување на ЕУ се согласуваат.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 24/03/09

photo

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Питер Ајчер (лево), и претставничката на ОБСЕ/ПА Пиа Крисмас-Молер одржаа прес-конференција за изборите во неделата (22-ри март). [Toмислав Георгиев]

Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Канцеларијата за демократски и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), Парламентарното собрание на ОБСЕ (ОБСЕ/ПА) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) на прес-конференцијата во понеделникот (23-ти март) објавија дека првиот круг од претседателските и локалните избори во Македонија „ги исполни повеќето меѓународни стандарди“.

Изборниот ден беше мирен, а изборите беа „добро спроведени“, велат тие. Процесот на гласање, и покрај некои „процедурални нерегуларности“ беше „генерално добро воден“.

Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, кој ги следеше локалните избори, се согласи. Со оценката се согласи и МОСТ, која традиционално ги следи изборите и која распореди најголем број набљудувачи досега на избори во Македонија -- 3.750.

Питер Ајчер, шеф на долгорочната изборна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, изрази задоволство што Македонија направи „голем број чекори по патот на демократијата“. Сепак, иако ова беше важен прв чекор, ОБСЕ/ОДИХР ќе го следи и континуираниот напредок во вториот круг, рече тој.

Maкедонија мора да се справи со „нерегуларностите и недостатокот на доверба“, рече претседателката на ОБСЕ/ПА Пиа Крисмас-Молер, специјален координатор назначен да ја предводи краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

На пример, некои експерти сметаат дека државата мора да ги прегледа своите избирачки списоци, велејќи дека е нереално една држава од нешто повеќе од 2 милиони луѓе да има 1,8 милиони гласачи.

Поврзани написи

Loading

Имајќи го предвид тоа, Македонија „постигна напредок во одржувањето на изборите во согласност со меѓународните обврски“, продолжи Крисмас-Молер.

Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, ја пофали владата и изборната комисија за нивните напори за организирање фер и демократски избори. Тој, исто така, ги пофали гласачите за големиот одѕив. На овој начин Македонците „ги покажаа своите очекувања како граѓани на оваа демократија“, рече Рикер.

Од Брисел, комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, се согласи со Рикер.

Користејќи спортска метафора, Рен го спореди првиот круг од изборите со полуфинале, додека финалето или вториот круг е за две недели. Тој додаде дека очекува фер игра и почитување на меѓународните стандарди на 5-ти април.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар