24/03/2009
Турскиот и ирачкиот претседател во понеделникот ветија дека ќе соработуваат за ставање крај на терористичките активности на курдските бунтовници кои ги користат базите во северен Ирак за напади на Турција.
(Заман, Хуријет, Вашингтон пост - 24/03/09; Ројтерс, АФП, ДПА, Еуроњус, ВОА - 23/03/09)
![]() Ирачкиот претседател Јалал Талабани (втор од лево) и турскиот претседател Абдула Ѓул (во средината) вршат смотра на почесната гарда во понеделникот (23-ти март) во Багдад. [Getty Images] |
Турскиот претседател Абдула Ѓул во понеделникот (23-ти март) рече дека ирачкото потиснување на активностите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) е услов за целосната соработка помеѓу Анкара и Багдад.
„Како што се нормализира, Ирак мора да ја контролира својата територија и не смее да дозволи терористите да оперираат“, рече претседателот пред почетокот на дводневната посета на Багдад, прва на еден турски шеф на држава во последниве 33 години. „Ирак мора да ја задуши терористичката организација, и дури тогаш ќе добие 100-процентна соработка од своите соседи.“
Ѓул беше топло пречекан од ирачкиот претседател Јалал Талабани, кој го увери дека Ирак ќе вложи максимални напори за спречување на терористичките активности на бунтовниците на ПКК.
Членовите на терористичката група ги користат базите во ирачките северни планини како појдовна точка за напади на територијата на Турција.
Истакнувајќи дека уставот на Ирак забранува вооружени активности, Талабани, и самиот Курд, во понеделникот рече дека ПКК треба или да го положи оружјето или да ја напушти територијата на неговата држава.
„Сите напади на нашиот демократски сосед [Tурција] ќе се сметаат за терористички напади и му прават лоша услуга на [курдскиот] народ кој тие тврдат дека го застапуваат“, рече ирачкиот водач на заедничката прес-конференција со Ѓул. „Присуството на силите на ПКК на ирачка територија им штети на селаните од преку 500 курдски градови.“
Присуството на ПКК во Ирак претставува најспорно прашање во турско-ирачките односи. Анкара честопати ги обвинува ирачките Курди и нивната автономна администрација во северен Ирак, Курдската регионална власт (КРГ) за толерирање, па дури и помагање на ПКК.
„Време е да се заврши со овие проблеми бидејќи тие им штетат на односите помеѓу нашите држави“, рече Ѓул, истакнувајќи ја потребата за заедничка акција против тероризмот.
Претходно оваа година, Турција, Ирак и САД формираа заеднички команден центар за собирање разузнавачки информации, како помош за ставање крај на активностите на ПКК.
„Тероризмот и оние кои го практикуваат се зло. Тие мора да бидат казнети“, ДПА го цитираше Ѓул. „Време е да се стави крај на овие проблеми кои им штетат на односите помеѓу Турција и Ирак.“
Меѓу официјалните претставници со кои Ѓул планира да се состане во Багдад се премиерот Нури ал-Малики и министерот за надворешни работи, Хошјар Зебари, како и со Нечирван Барзани, премиер на КРГ.
Покрај проблемот со ПКК, разговорите во Багдад се очекува да се фокусираат на економските и трговските односи.
Државите, наводно, се залагаат за зголемена билатерална трговија, која моментно достигнува вредност од околу 3,5 милијарди евра. Повеќе од 20 отсто од извозот на ирачката нафта поминува низ турското пристаниште Чејхан.
Друго прашање на агендата на Ѓул, објавува Ројтерс, е распределбата на водата од реките Тигар и Еуфрат, кои извираат во Турција, но течат низ Ирак.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's