Малку познат пејач ќе ја претставува Србија на Евровизија 2009

11/03/2009

Марко Кон ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија во Москва. Неговата победа ги изненади и критичарите и јавноста.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 11/03/09

photo

Марко Кон (во средината) ќе ја претставува Србија во Москва. [Никола Барбутов]

Малкупознатиот српски пејач и композитор Марко Кон изненади многумина станувајќи претставник на својата земја на 54-тата Евровизија во Москва.

Кон ќе ја изведе "Чевел" во дует со хармоникашот Милан Николиќ. Кон има ексцентричен изглед, а најкарактеристична му е русата афро-фризура.

Кон беше изненаден од победата. „Сé уште не сум сосема свесен дека победив. Во шок сум. Знам дека некои други беа фаворити, но ете -- ние победивме“, рече тој.

„Чевел“ е поп-песна со подлога од српски етно звуци. Истата ја кажува приказната за човек кој бил одбиен од жена, која очекувала да стане богат.

Многумина се скептични за шансите на Кон за победа во Москва. Притисокот за успех се очекува да расте, со оглед на тоа што Србија беше домаќин на Евровизијата минатата година, привилегија што ја доби откако пејачката Марија Шерифовиќ победи на натпреварот во 2007 година во Хелсинки со нејзината песна „Молитва“. Другите српски претставници постигнуваа висок пласман во минатите години, како што е второто место во 2004 година кога државата се натпреваруваше како Србија и Црна Гора (Жељко Јоксимовиќ, „Лане моје“).

Победата на Кон и Николиќ ја подели публиката, поради што голем број посетители ја напуштија салата разочарани. Победничката песна доби максимум гласови од жирито, но публиката, која гласаше преку СМС-пораки, й додели седум од максималните 12 поени.

Поврзани написи

Loading

Скандал, не само разочарувањето од победникот, го наруши српскиот натпревар. Десет натпреварувачи требаше да се појават во финалето, но грешката во пресметката на гласовите од публиката доведе до тоа организаторите да најават дека уште двајца натпреварувачи ќе учествуваат во финалето. Двајцата по грешка беа елиминирани во полуфиналињата.

Но, еден од натпреварувачите одби да се појави, поради што Србија имаше чудно финале од 11 натпреварувачи. Двајца членови на организацискиот одбор, поради ова, поднесоа оставки на функциите.

Покрај ова, новинарите наводно забележале како обезбедувањето на натпреварот го исфрла поранешниот менаџер на победничката од 2007 година Шерифовиќ поради тоа што немал пропусница да биде зад сцената.

Според првичните реакции на критичарите, песните на овогодинешниот натпревар го немаа квалитетот од изминатите години. Актуелните евровизиски претставници на Србија ќе имаат тешка задача да го достигнат успехот на своите претходници.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар