Караџиќ повторно одби да се изјасни

04/03/2009

Судијата изрече изјаснување „невин“ по 11-те точки од обвинението за геноцид и воени злосторства со кои се соочува Радован Караџиќ, откако поранешниот водач на босанските Срби одби да се изјасни на рочиштето во вторникот во Хаг.

(ФT - 04/03/09; AП, АФП, Ројтерс, Блумберг, ДПА, АКИ, ББС, ВОА, РТТЊус, Бета, Б92 - 03/03/09)

photo

Припадник на обезбедувањето ја проверува актовката на поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ (десно) во вторникот (3-ти март) во Хаг. [Getty Images]

Поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ одби да се изјасни по обвиненијата за воени злосторства и геноцид за време на рочиштето во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во вторникот (3-ти март), исто како и пред околу шест месеци.

„Овој Трибунал нема никакво право да ми суди“, му рече тој на судијата Иан Бономи, кој претседаваше со сесијата во Хаг.

Судот го свика рочиштето во вторникот откако обвинителите на ОН поднесоа изменато обвинение против Караџиќ минатата недела, околу седум месеци по неговото апсење. Истото го товари по две точки за геноцид, пет точки за злосторства против човештвото и четири точки за кршење на правилата и обичаите на војување за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (БиХ) во периодот 1992-1995 година.

Обвинителството го намали бројот на наводните места на злосторствата од 41 на 27.

Случајот на Караџиќ е сé уште во предсудска фаза. Соочувајќи се со судот на рочиштето минатиот август, тој одби да се изјасни по претходното обвинение. Во согласност со регулативите на МКТЈ, судијата тогаш изрече изјаснување „невин“ по секоја точка од обвинението.

Бономи мораше да ја повтори таа процедура за време на кусото рочиште во вторникот.

Караџиќ (63) му се пожали на судот дека не му дал доволно време да собере правни советници.

„Моето време е скратено“, рече тој. „Сé уште немам сопствен тим, без моја вина.“

Како и поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Караџиќ се брани самиот во МКТЈ. Неговото однесување во судот и неговите бројни поднесоци доведоа до тоа многумина да веруваат дека планира да ја искористи тактиката на одложување, која за првпат ја употреби неговиот воен ментор.

Поврзани написи

Loading

Караџиќ го искористи рочиштето во вторникот за да ги повтори своите тврдења за наводен таен договор што го постигнал со поранешниот американски претставник Ричард Холбрук во 1996 година, со кој му бил даден имунитет од судско гонење на МКТЈ во замена за неговото напуштање на јавниот живот.

Холбрук, кој помогна во посредувањето за Дејтонскиот мировен договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на конфликтот во БиХ, категорично тврди дека не дал такво ветување.

Соочени со крајниот рок во 2010 година, за завршување на сите случаи, вклучително и жалбите, судиите и обвинителите на МКТЈ се обидуваат да ги забрзаат преостанатите 18 случаи.

МКТЈ и ЕУ вршат притисок врз Србија да ги предаде преостанатите двајца бегалци обвинети за воени злосторства од балканските конфликти во 1990-тите, кои сé уште ги бара Трибуналот на ОН, особено поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. Друг обвинет на МКТЈ кој сé уште се наоѓа на слобода е воениот водач на хрватските Срби Горан Хаџиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар