23/02/2009
По скоро десетгодишна дебата, националната химна на Босна и Херцеговина има текст.
Од Ема Ковач за Southeast European Times во Сараево -- 23/02/09
![]() Еден од клучните критериуми беше сите граѓани на БиХ да можат да се идентификуваат со текстот. [Getty Images] |
Комисијата за избор на текстот на државната химна на Босна и Херцеговина (БиХ) го претстави победничкиот текст -- избран едногласно од страна на сите 11 членови -- во петокот (20-ти февруари) на прес-конференција во Сараево.
Текстот сега чека ратификација од советот на министри и парламентот на БиХ.
„Једна си једина“ (Една си единствена) беше химна од 1992 до 1998 година. Музиката е земена од стара босанска народна песна. Босанскиот музичар Един Дервишхалидовиќ е автор на текстот.
Сепак, хрватското и српското население во БиХ отсекогаш ја поврзувало оваа песна со бошњачката заедница, осудувајќи ја како инструмент за зајакнување на националното единство.
Во 1998 година канцеларијата на високиот претставник во БиХ распиша јавен конкурс за нова химна. Претставничкиот дом на БиХ ја избра „Интермецо“ на Душан Шестиќ, композитор и професор по виолина од Бања Лука, во февруари 1999 година.
Сепак, предлог-законот за химната пропадна во Претставничкиот дом во БиХ, паѓајќи жртва на долготрајната расправа околу текстот. Во јуни 1999 година разлутениот Карлос Вестендорп, висок претставник на БиХ во тоа време, ја прогласи „Интермецо“ за химна -- иако само со мелодија.
Министерскиот совет на БиХ во март 2008 година одлучи да стави крај на оваа ситуација и определи награда во висина од 15.600 евра за најдобар текст. На конкурсот беа пријавени 339 текстови.
Еден од клучните критериуми беше сите граѓани на БиХ да може да се идентификуваат со текстот. Победничкиот текст претставува спој од предлозите на двајцата финалисти: Шестиќ, композиторот на музиката на химната и Бенџамин Исовиќ, сараевски музичар.
Стиховите се фокусирани на примери од природните убавини на земјата и заедничката иднина на нејзините заедници, споменувајќи ја „Татковината Босна“, „синото небо на Херцеговина“ и „гордата Краина“ едноподруго. „Ми идемо у будуќност заједно („Ние одиме во иднината заедно“) е последниот стих.
Интернет портпалот Sarajevo-x ги анкетираше своите корисници за квалитетот на текстот. До понеделникот 1.060 луѓе одговорија: 32 отсто дека е одличен, 42 отсто дека е просечен и 26 отсто дека е лош.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's