20/02/2009
Инспекторите во Босна и Херцеговина, наводно, поднеле тужба против премиерот на Република Српска Милорад Додик и најмалку десетмина други за наводна проневера на повеќе од 70 милиони евра.
(Онаса, РТРС, Дневни аваз, Б92 - 20/02/09; ДПА, Бета, ХИНА, РТРС - 19/02/09)
![]() Премиерот на РС Милорад Додик се соочува со обвиненија за проневера и злоупотреба на фуницијата. [Getty Images] |
Агенцијата за истраги на Босна и Херцеговина (БиХ) поднесе извештај во кој го обвинува премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик за злоупотреба на службената должност и проневера која ги чини буџетот на државата и ентитетот на босанските Срби милиони евра, според извештаите од четвртокот (19-ти февруари).
Во документот, поднесен од Државата агенција за истраги и заштита (СИПА) до канцеларијата на државниот обвинител на БиХ, наводно, се посочени десет други неименувани функционери и бизнисмени на РС за „соучество во криминалната организација“ предводена од Додик.
Тие, наводно, извршиле „неколку кривични дела на организиран криминал, перење пари, како и злоупотреба на официјалната позиција и овластувањата“, кои ги чинеле буџетите на БиХ и РС преку 74 милиони евра.
Извештајот, кој беше резултат на неколкумесечната истрага за неколку градежни и развојни проекти во РС, „е против голема група луѓе“, а не само 11 што ги цитираа медиумите, рече директорот на СИПА Мирко Лујиќ.
Неговиот заменик, Драган Лукац, кој го предводи криминално-истражниот оддел на агенцијата, ги потпишал обвиненијата, според Лујиќ. Додик вели дека Лукац работел зад грбот на своите надредени и спротивно на законската процедура, со тоа што го поднесол извештајот без да ги извести Лујиќ и главниот обвинител Милорад Барашанин.
Додик го припиша обвинението на „секташка група“ која, најверојатно, сака тој да биде разрешен пред да се назначи новиот висок претставник, белградската новинска агенција Бета ја цитираше изјавата на Додик за новинарите во четвртокот.
РС објави дека ќе му се спротивстави на новиот висок претставник, ако тој биде од Велика Британија, за која тој тврди дека има предрасуди против босанските Срби. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, ќе го објави својот кандидат в понеделник.
Додик, понатаму, тврди дека целта на овој потег е да не постои ентитетот на босанските Срби, велејќи дека Лукац „јавно се фали во Сараево како тој [ќе] му стави крај“.
Кривичното обвинение против Додик и неговите наводни соучесници, наводно, произлегува од профитабилниот договор за изградба на зградата на владата на РС во Бања Лука, за кој некои новинари го обвинуваат Додик дека му го дал на пријатели. Тие се сомневаат дека проектот за автопатот Бања Лука-Градишка, исто така, завршил во рацете на ортаците на Додик.
Најголемата опозициска Социјалистичка демократска партија (СДП) во четвртокот истакна дека претставник на владата на РС објаснил зошто цената по квадратен километар од автопатот била двојно повисока од каде и да е во Европа. Покрај ова, обвини СДП, Бања Лука одбива да објасни зошто трошоците за изградба на владата на РС биле петпати поголеми од буџетот, и зошто таа доделува поголеми градежни проекти без да распише тендер, спротивно на законот за јавните набавки.
Партијата ја повика меѓународната заедница во БиХ и државните судски власти да загарантираат дека судската постапка ќе тече без политичко и друго мешање.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's