Косово ја прославува првата годишнина помеѓу восхит и разочараност

17/02/2009

Косовските граѓани во вторник прават една година од независноста. Србија, пак, вели дека нема никогаш да ја признае државата.

Од Блерта Фониќи-Кабаши и Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Приштина и Белград -- 17/02/09

photo

Многумина се приклучија на прославите на главниот плоштад во Приштина, каде што се вееја знамињата на државите што ја признаа новата држава. [Лаура Хасани]

Косово започна со прославите на својата прва годишнина како независна држава во понеделникот (16-ти февруари). Косовските и албанските знамиња се вееја насекаде во главниот град на новата република, која е признаена од 54 држави.

Сепак, кај многу граѓани восхитот од независноста на државата премина во разочараност поради континуираното насилство во северниот дел, високата стапка на невработеност и немањето универзално дипломатско признавање.

Премиерот Хашим Тачи, сепак, тврди дека целата прва година на Косово како суверена држава е „целосен успех“.

„Ќе бидеме признаени од целиот свет“, изјави тој за АП во понеделникот. „Ние градиме татковина за целиот косовски народ.“

Претседателот на парламентот, Јакуп Красниќи, им честиташе на граѓаните и ги спомена настаните од изминатата година. „Годишнината од независноста поминува во знакот на историските постигнувања на Косово на домашната и меѓународната сцена“, рече тој. „Се сеќаваме со гордост на мачениците кои загинаа за слободата и независноста на Косово.“

Многу земји кои ја признаа државата испратија честитки, соопшти кабинетот на претседателот Фатмир Сејдиу во понеделникот.

„Соединетите Држави ќе продолжат со поддршката за мултиетничко, независно и демократско Косово“, напиша американскиот претседател Барак Обама.

Но, овој ден не го прославуваше целата нација. Српската политика во однос на Косово останува непроменета -- повеќето српски партии велат дека никогаш нема да ја признаат „нелегалната“ независност на Косово, дури и ако признанието биде услов за членството во ЕУ.

Според извештаите на медиумите, одреден број српски пратеници отпатуваа со автобус од Белград до Звечан во северно Косово, каде што многумина планираа да покажат солидарност присуствувајќи на седницата на самопрогласениот парламент на етничките Срби.

Поврзани написи

Loading

Српскиот претседател Борис Тадиќ вели дека Косово е „најчувствителното прашање за Србија“, како и за регионалната и европската безбедност, кое Србија ќе се обиде да го реши преку дипломатски средства.

Тадиќ додаде дека за Белград 17-ти февруари е „само датум кога е направен еден нелегален чин, кога Приштина нелегално го направи Косово самопрогласена држава“.

Во меѓувреме, Белград најави бројни дипломатски иницијативи со цел спроведување на планот од шест точки на ОН за Косово.

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во вторникот во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, а шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, ќе го посети Белград в четврток. „Планот од шест точки не постои за Косово“, рече косовскиот вицепремиер Раме Манај, искажувајќи го долготрајниот став на Приштина во врска со овој план.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар