Хрватскиот пазар на недвижности либерализиран

09/02/2009

Хрватскиот пазар на недвижности се отвора за граѓаните на ЕУ, во обид за исполнување на уште еден услов од ДСА и како потенцијален поттик за националната економија.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 09/02/09

photo

Новолиберализираниот хрватски пазар на недвижности треба да привлекува повеќе странци, особено купувачи од ЕУ. [Getty Images]

Почнувајќи од овој месец, граѓаните на ЕУ имаат исто онолку можност колку и хрватските државјани да купат недвижен имот во Хрватска. Во минатото граѓаните на ЕУ мораа да поминуваат низ долги бирократски процедури и да исполнуваат голем број законски услови, како што се добивање дозвола од Министерството за надворешни работи и Министерството за правда за купување имот, што траеше и со години.

Со усвојувањето на Законот за имот, кој беше спроведен овој месец, Хрватска го исполни условот од Договорот за стабилизација и асоцијација кој им дава на граѓаните на ЕУ еднакви права за купување имот во Хрватска.

Но, новиот закон го исклучува земјоделското земјиште и заштитениот културен и национален имот. Лицата кои не се државјани на членка на ЕУ сé уште мора да добијат одобрение од Министерството за надворешни работи и Министерството за правда за да купат имот.

И покрај високите цени на имотот во текот на изминатите неколку години и ударот на светската економска криза, набљудувачите очекуваат динамичната продажба на странци да продолжи. Странците ја сметаат Хрватска за привлечна како туристичка дестинација и долготраен дом.

Во минатото, странски државјанин за да купи приватен стан мораше да обезбеди дозвола од двете гореспоменати министерства. Најмалку 98 отсто од апликантите добиваа дозвола, но процесот се одвиваше исклучително бавно и понекогаш траеше и до две години.

Поврзани написи

Loading

Друг проблем беше утврдувањето на јасно право на земјиштето, бидејќи владата го обнови Земјишниот регистар само пред неколку години. Сега истиот е достапен на Интернет.

Според Хрватската стопанска комора, повеќе од 3.500 странски државјани добиле дозвола за купување имот во изминатата деценија. Германците водат (2.000 дозволи), по што следат Австријците (700), Унгарците (120) и сé поголем број Руси и Британци. Странските купувачи го преплавуваат крајбрежјето, претпочитајќи ја Далмација и нејзините острови, како и полуостровот Истра.

Иако официјалните бројки се далеку од прецизни, преку 70.000 странски државјани, наводно, веќе поседуваат имот во Хрватска, кој или го купиле преку странско претпријатие или со договарање доживотна наемнина, која не бара специјална дозвола.

Маруса Визек од Загрепскиот економски институт за финансиското списание Банка изјави дека Министерството за надворешни работи добива 1.500 барања за дозволи годишно, додавајќи дека цената на метар квадратен нема да се зголеми по либерализацијата, со оглед на тоа што интересот на странските државјани за хрватскиот имот веќе ја „утврди цената“ на пазарот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар