Косовските безбедносни сили започнаа со работа, Србија критикува

22/01/2009

Српските власти го критикуваа лансирањето на новите Косовски безбедносни сили, како „целосно неприфатливо“. Силите се очекува да бројат 2.500 припадници во текот на следните неколку години.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина -- 22/01/09

photo

Командантот на КБС, генерал Сулејман Селими, во средата (21-ви јануари) говореше пред силите. [AФП]

По скоро девет години служба, Косовскиот заштитен корпус (КЗК) ја заврши својата мисија на полноќ во средата (21-ви јануари). КЗК веднаш им го отстапи местото на новите Косовски безбедносни сили (КБС), кои ќе добијат обука и муниција од НАТО.

Властите во Србија велат дека новите сили претставуваат „илегална парамилитарна група“, чие создавање е „целосно неприфатливо“.

„[КБС] се директна закана за националната безбедност, мирот и стабилноста во целиот регион“, изјави српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, за Б92. „Србија ќе ги искористи сите дипломатски средства за поништување на оваа одлука.“

Тој рече дека српскиот претседател Борис Тадиќ ќе протестира до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, и шефот на НАТО, Јап де Хоп Шефер.

Националната кампања за регрутирање на 300 дополнителни припадници на КБС започна во средата и ќе трае до 14-ти февруари. Според својата мисија, КФОР ќе обезбеди целосна поддршка за овој процес.

„Во среда ќе биде отворен конкурс за регрутирање за КБС за сите граѓани на Република Косово. КБС ќе имаат воени гарнизони во Приштина, Урошевац, Призрен, Митровица, Пеќ, Гњилане [и] во Скендерај и Лукар“, соопшти КФОР.

Според КФОР, спонзориран од НАТО, КБС ќе вклучуваат значителен број поранешни припадници на КЗК. Сепак, од сегашните 1.000 припадници, само 200 до 300 членови се поранешни припадници на КЗК.

КБС ќе бидат мултиетнички сили што ќе ги претставуваат сите косовски граѓани, како и сили со целосна меѓународна поддршка, кои ќе го почитуваат уставот на Косово и стандардите на НАТО, рече во средата премиерот Хашим Тачи.

Поврзани написи

Loading

Потполковникот на НАТО Хенрик Кристенсон рече дека се очекува КБС да брои околу 1.500 припадници до есенва -- и да достигне вкупно 2.500 членови во активен работен однос и околу 800 резервисти, за две до пет години.

КБС ќе содржат мнозинство етнички Албанци и малцинство Срби и ќе бидат под контрола на парламентот.

Силите ќе бидат распоредени „во целосна соработка со нашите меѓународни пријатели“, им рече командантот на КБС, генерал Сулејман Селими, на регрутите на полноќниот собир. „Ние сме на почеток на една нова фаза; овие сили станаа реалност.“

КЗК беше формиран на 21-ви септември 1999 година преку официјалното објавување на регулативата 1999/8 на УНМИК и подготвувањето на „Официјалната изјава на принципите“ за дозволената улога на КЗК во Косово. Неговото првично членство беше од редовите на Ослободителната војска на Косово. КЗК вршеше задачи во итни случаи, како и хуманитарни дејства, и немаше улога во одбраната или во спроведувањето на законот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар