20/01/2009
Албанските граѓани ќе ги добијат личните карти пред општите избори ова лето. Властите потоа ќе ги користат информациите од личните карти за издавање на новите биометрички пасоши.
Од Јонилда Коци за Southeast European Times во Тирана -- 20/01/09
![]() Новите лични карти содржат отпечатоци од прстите, генерални информации и дигитална фотографија. [Гент Шкулаку] |
Албанските нови лични карти, кои владата започна да ги издава минатата недела, ќе бидат клучен елемент на спроведувањето на европските стандарди за изборите ова лето. Секоја нова лична карта содржи отпечатоци од прстите, генерални информации и дигитална фотографија на сопственикот. Властите ќе ги користат информациите до личните карти за издавање нови биометрички пасоши.
Властите очекуваат личните податоци да помогнат во намалувањето на измамата на гласачите. „Ова претставува златна можност секој граѓанин да придонесе за тоа престојниот изборен процес да биде слободен и фер“, рече премиерот Сали Бериша.
Покрај ова, биометричките пасоши, кои ќе чинат 60 евра, се услов за либерализација на визниот режим со ЕУ.
Во рок од две години, секој албански државјанин ќе има нов пасош -- со што сегашните пасоши ќе бидат прогласени за застарени. Бериша рече дека пасошите се „првокласни документи“ кои ќе им овозможат на Албанците „да патуваа послободно во странство“.
Околу 400 центри отворени низ целата земја на 12-ти јануари ќе ги примаат барањата за нови лични карти. „Сагем секјурити“, француско претпријатие кое победи на меѓународен тендер, управува со центрите.
Секој албански државјанин постар од 16 години мора да поседува лична карта. Владата донесе остри казни со цел да го загарантира почитувањето на овој закон; на пример, државните службеници и постарите лица нема да примаат плати и пензии ако не го почитуваат.
Покрај тоа, учениците не можат да се запишуваат во училиштата и универзитетите ако немаат нови лични карти до 30-ти март.
Личните карти ќе чинат околу десет евра и ќе бидат со важност од десет години. Со оглед на финансиските потешкотии на многу Албанци, владата планира да ги плати 65 до 70 отсто од трошоците за личните карти на семејствата со ниски примања, 50 отсто за постарите пензионери и 30 отсто за државните службеници.
„Личните карти и биометричките пасоши ги одразуваат најдобрите стандарди на документите за лична идентификација во Европа“, рече генералниот директор на Албанската цивилна државна канцеларија, Арманд Телити. Документите ги исполнуваат сите стандарди на ЕУ и ќе содржат симболи на ЕУ, како што е мапата на Унијата.
Но, опозицијата изрази загриженост поради големите организациски проблеми. Водачот на најголемата опозициска партија, Социјалистичката партија, Еди Рама, во понеделникот (19-ти јануари) ја критикуваше владата поради невоспоставувањето ефикасен систем на регистрација за новите лични карти и пасоши, додека пратеникот од неговата партија Бледи Клоси се пожали: „На граѓаните не им е [јасна] процедурата на поднесување барање за лични карти и процесот не е доволно транспарентен“.
Кредибилитетот на минатите избори во Албанија претрпе штета поради расправиите околу потврдувањето на автентичноста на документите за лична идентификација и избирачките списоци.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's