15/01/2009
Новите мултиетнички безбедносни сили, обучени од НАТО, ќе започнат со работа во Косово на 21-ви јануари, еден ден по распуштањето на Косовскиот заштитен корпус, објави во средата НАТО.
(Ројтерс, АФП, АП - 14/01/09; Њу Косова репорт - 20/12/08)
![]() Косовскиот заштитен корпус ќе биде распуштен во вторник (20-ти јануари). [Лаура Хасани] |
Косовскиот заштитен корпус (КЗК) ќе престане да постои следната недела, и ќе биде заменет со безбедносни сили обучени од НАТО, објави Алијансата во средата (14-ти јануари). „На 20-ти јануари КЗК ќе биде распуштен, а на 21-ви јануари ќе започнат со работа Косовските безбедносни сили (КБС)“, рече портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи, во Брисел.
Планот се појави во сеопфатниот предлог на поранешниот специјален претставник на ОН, Марти Ахтисари, за решение на прашањето на статусот на Косово, кој водачите на косовските Албанци ветија дека ќе го спроведат кога ќе прогласат независност од Србија во февруари 2008 година.
КЗК е цивилна организација со задача да обезбеди итен одговор и услуги на хуманитарна помош, како и да го олесни постконфликтното заздравување на Косово. Таа официјално беше формирана во јануари 2000 година, како наследник на расформираната Ослободителна војска на Косово (ОВК), која се бореше против српските сили за време на конфликтот во периодот 1998-1999 година. Ахтисари, во својот предлог, рече дека истата ги остварила своите цели, но оставил на НАТО да одлучи за датумот кога ќе биде расформирана.
Подготовките за расформирање на КЗК и формирање на КБС започнаа пред неколку месеци, при што косовските власти и Алијансата соработуваа во процесот на транзиција.
КБС ќе бидат лесновооружени, професионални и мултиетнички сили, кои ќе работат под цивилна контрола и мониторинг на КФОР. Првично, тие нема да имаат тенкови, тешка артилерија или авион. Силите ќе вклучуваат до 2.500 активни членови и 800 резервисти и првично ќе бидат задолжени за управување со кризи, цивилна заштита и расчиствување на мините.
НАТО постојано истакнува дека КБС нема да бидат целосно оформена армија. Според планот на Ахтисари таа „ќе бидат оформени и подготвени да ги извршуваат другите безбедносни функции, што не се соодветни за полицијата или другите организации за спроведување на законот“.
Апатураи во средата рече дека 15.000 припадници на КФОР ќе ги исполнат сите потребни правни и други стандарди. Тој, исто така, посочи дека иако КБС ќе започнат со работа следната недела, мала е веројатноста да станат целосно оперативни „пред средината на годинава“.
Министрите за одбрана на НАТО минатиот јуни одлучија да ја прошират мисијата на КФОР за да ги вклучува и новите косовски сили. Минатиот месец премиерот Хашим Тачи го назначи шефот на КЗК, генерал Сулејман Селими, за прв шеф на КБС.
Силите „ќе бидат предводени од косовските власти, но и КФОР ќе има улога“, рече Апатураи во средата. Многу земји на НАТО веќе дадоа донации за КБС, додека други ветија пари и ресурси.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's