Мартовските избори клучни за Македонија

14/01/2009

Престојните локални и претседателски избори во Македонија може да имаат големо влијание врз шансите на земјата за влез во ЕУ.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 14/01/09

photo

Со новиот закон одѕивот на гласачите треба да изнесува само 40 отсто на изборите во март. [Архива]

Со порастот на температурите оваа пролет, ќе почнат да се вжештуваат и политичките битки во Македонија. Земјата ќе гласа на 22-ри март, за да го избере новиот претседател, како и градоначалниците и општинските советници. Владата го објави датумот на локалните и претседателските избори во саботата (10-ти јануари).

„Овие избори се многу важни за нас граѓаните“, рече претседателот на парламентот, Трајко Велјановски, по соопштението. „Според највисоките европски стандарди, фер и демократски избори се најважни за нашето понатамошно вклучување во ЕУ.“

На овие избори ќе има значителна промена по однос на условот на одѕив на гласачите. Во минатото, најмалку 50 отсто од избирачкото тело требаше да излезе на гласање за резултатите да бидат важечки. Таа цифра сега падна на 40 отсто.

Парламентот во петокот постигна согласност за оваа измена. Исто така, парламентот го одобри условот кандидатот да поднесе изјава заверена од нотар до Комисијата за лустрација во која се колне дека никогаш не соработувал со тајната полиција на поранешниот комунистички режим.

Политичките партии, сега засега, ги чуваат во тајност своите кандидатски листи. ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија СДСМ ги обелоденија своите градоначалнички кандидати само во областите каде што се сигурни во победата.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека во Битола и Прилеп, нејзини градоначалнички кандидати ќе бидат актуелните градоначалници Марјан Ристески и Владими Талевски. СДСМ објави дека нејзините актуелни градоначалници во Струмица, Охрид и Куманово -- Зоран Заев, Александар Петревски и Зоран Дамјановски -- ќе се кандидираат повторно.

Поврзани написи

Loading

Што се однесува до претседателската трка, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, беше прв кој ја објави својата кандидатура. Бошковски помина повеќе од три години во притворот во Хаг во врска со полициската рација во 2001 година на село на етнички Албанци, во која загинаа седум лица. Обвинителите поднесоа жалба на неговото ослободување до судот на ОН.

Сепак, на врвот на анкетите е поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим. Во вторникот СДСМ го претстави Керим како кандидат кој може да добие поддршка од двете партии.

„Му предлагаме на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, Никола Груевски, двете најголеми партии во земјата да застанат зад еден непартиски кандидат за иден шеф на државата“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Ние сметаме дека ... Керим е најсоодветната личност за ваквата функција.“

Изборите се клучни за шансите на Македонија за пристап во ЕУ. Брисел јасно стави до знаење дека сака да види чесни и демократски избори, за разлика од минатогодишните избори во јуни, нарушени со насилство и измама на гласачите. Според премиерот Никола Груевски, владата усвои план за мартовските избори, за спречување на евентуалните инциденти.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар