Mакедонија се враќа на кулинарските традиции

12/01/2009

Печен тетовски грав и ориз завиткан во листови кисела зелка, се меѓу специјалитетите во земјата позната по своето вегетаријанско празнично мени.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 12/01/09

photo

Многу Македонци се враќаат на традиционалната празнична храна. [Toмислав Георгиев]

Празничната сезона оваа година го потврди новиот тренд во Македонија: луѓето им се враќаат на своите кулинарски корени. Традиционалната храна за зимскиот период се враќа, додека експериментирањето од последните години се намалува.

Некое време се чинеше дека Македонците се придвижуваат кон едно „помодерно“ мени, со поглобализиран вкус. Кинеската, мексиканската или италијанската храна почнаа да си заземаат свое место на трпезата заедно со домашните рецепти. Но, сега овие традиционални рецепти се враќаат на голема врата.

Една карактеристика на македонското празнично готвење е изобилството на вегетаријански јадења. Традиционално, вечерата на Бадник е без месо. Оваа вечера го одбележува последниот ден од 40-дневните Божиќни пости, за време на кои сите верници мора да се воздржуваат од месо.

Tавче-гравчe, или солен печен тетовски грав, е омилено јадење. Гравот се служи како главно јадење -- тој може да се подготви на неколку начини.

Друг основен продукт во вегетаријанското готвење е киселата зелка. Таа може да се свари или да се послужи со ориз; друг начин е пржен ориз да се свитка во листови кисела зелка за да се направи јадењето кое е познато како сармa. Традиционалната салата е лесна за подготвување: само исечкајте зелка, измешајте малку суви црвени пиперки, додадете масло и сол.

Македонците ја ставаат зелката да се скисели во есен, посолувајќи ја и оставајќи ја во големи буриња полни со вода. Омилен зимски пијалак е јува. Тој се состои од расол од бурињата, кој може да доби црвеникава боја ако во зелката се додаде цвекло.

Поврзани написи

Loading

Солена риба е друго зимско омилено јадење. Во крајречните села, обично ја подготвуваат жените со помош на дрвени буриња. Рецептот е едноставен: се става слој риба, па слој морска сол и така сé дури не се исполни бурето.

Конзервирањето и замрзнувањето овошје и зеленчук е уште една зимска традиција. Семејствата се собираат да подготват различни производи, вклучително и многу видови пиперки. Тие подготвуваат компоти од праски, вишни и кајсии, како и замрзнато овошје или компоти од цреши, смокви, сливи, кајсии, круши, цреши, јагоди и капинки.

Македонците, исто така, нижат пиперки, кромид, лук и пченка и ги сушат. Во селските области минувачите можат да видат нанижени листови тутун како висат на чардаците.

Божиќ носи враќање на црвеното месо. Менито изобилува со свинско, пилешко или телешко, сармa со мелено телешко и свинско место, различни месни и вегетаријански пити и овошје.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар