Реновираната Сараевска зоолошка градина ќе привлекува туристи

12/01/2009

Сараевската зоолошка градина е прекрасна туристичка атракција -- место за одмор и релаксација или забава меѓу различните животински видови.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево – 12/01/09

photo

Зоолошката градина очекува пари од градот за изградба на нов простор за мајмуните. [Јусуф Рамадановиќ]

Сараевската зоолошка градина, основана во 1951 година, се протега на 8,5 хектари земја. Пред балканскиот конфликт, таа поседуваше 150 животински видови. Опсадата на Сараево од 1992 до 1994 година ја уништи зоолошката градина. Животните умреа од глад или беа жртви на артилериски или снајперски оган. Последното животно, мечка, умре во 1992 година.

Во 1999 година во зоолошката градина пристигнаа првите нови животни, кога управата започна со реновирање и проширување на напорите за привлекување посетители. Моментно во зоолошката градина има околу 38 животински видови, вклучително и мајмуни, питони, лами, ноеви, змии -- највпечатлива е боата -- елен и северен елен, бафало, различни водни птици и други видови птици и скапоцена црна мечка.

Зоолошката градина купи нов терариум, кој е дом на еден кејмен и неколку желки. Моментно се подготвуваат 1.000 квадратни метри за сместување пуми, лавови и сурикати, чии нормални живеалишта се африканските савани и грмушки. Исто така, зоолошката градина се надева дека градот ќе го финансира новиот простор за нејзините мајмуни.

„Постојат напори за обезбедување специјални животни услови, како во Африка, за овие видови“, вели ветеринарот во зоолошката градина Ведад Скапур.

„Сараевската Зоолошка градина постојано работи на подобрување на животните услови за сите животни, со цел да ги исполни стандардите на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА)“, рече Скапур. „Тоа ќе ја унапреди соработката во подобрувањето на заштитата на регионалните диви животни и образованието, особено во областа на животната средина.“

Поврзани написи

Loading

Неодамна зоолошката градина повторно воспостави соработка со многу поголемата Белградска зоолошка градина. Сега се очекува да добие донација на животни од Белград. Пред 1990-тите многу од сараевските животни доаѓаа од Српската зоолошка градина. Како дел од оваа регионална соработка, Сараевската зоолошка градина й подари четири животнски видови на зоолошката градина во Бања Лука -- една лама, еден шкотски бик, точкест елен и џуџести гуски.

Зоолошката градина е најголема и најпозната од ваков вид во БиХ. Таа привлекува 350.000 посетители годишно. „Навистина е убаво овде. Децата може да ја посетат и да научат за животните. Најинтересно, за мене, е кај желките и змиите во терариумот. На мојот син му се допаднаа мајмуните и црната мечка“, вели Емина, мајка на двегодишно дете.

Покрај животинскиот дел, зоолошката градина нуди и области за рекреација -- цветни алеи, патеки за шетање, вештачки езерца со птици и игралиште кое вклучува електричен воз и автомобили, лизгалки, нишалки и вртелешки.

Поголем дел од посетителите на зоолошката градина се деца -- што е поттик за надежите дека таа би можела да си го поврати статусот на омилена викенд дестинација како за децата, така и за возрасните.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's