Хрватска прославува со празнична кујна

09/01/2009

Хрватската празнична кујна е преполна со најразлични јадења и книгите за готвење со традиционални регионални рецепти се многу ценет празничен подарок.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 09/01/09

photo

Орахњаца е традиционален колач со ореви. [Архива]

Хрватите сакаат да јадат, особено за време на Божиќните и Новогодишните празници. Нивните маси се полни со неодоливи специјалитети.

Подготвувањето на некои национални јадења варира од регион до регион. Во северна Хрватска, мисирка со овошје и тестенини со сирење, наречени штрукле се преферираат за време на празниците, додека на југ, пршута (чаден свински бут) и домашно подготвено сирење или слатки крофни, наречени фритулe се празнични задоволства. Виното е на празничното мени низ целата Хрватска.

Во текот на Божиќната сезона, хрватската кујна тежнее да биде богата со традиционални рецепти кои се во склад со верските традиции и верувања. Но, Бадник, е генерално ден на постење.

Далматинците традиционално подготвуваат гулаш од сув бакалар, заедно со домашен леб. На север, семејствата уживаат во обичен леб со грав и пржен кромид. Храната го одразува празничното верско значење.

Божиќниот ручек на север од Хрватска се состои од три јадења: најпрво ладно јадење со парчиња пршута и домашно сирење, кое се служи со најразлични салати и зачини. Следи супа од свежи кнедли и потоа печено прасечко месо, мисирка или гуска, заедно со традиционалните штрукли или компири. На крајот од ручекот семејството ужива во oрахњацa, богат колач со ореви, или хрватски куглоф, округла чоколадна тестенина.

На Божиќ во Далмација, хрватски крајбрежен регион, пастицадaта е јадење на денот -- далматинско грне со зачинето месо комбинирано со сливи и оцет. Компирите или кнедлите се служат како придружно јадење. Честопати сарматa -- листови зелка полнети со зачинето мелено месо -- е главно јадење, по што следат Божиќните слатки наросени со шеќер во прав -- фритулe или суви смокви.

Еве го рецептот за oрахњацa, традиционалниот колач со ореви:

Тесто: (приближни мерки, доволни за два големи колачи. Пополнуваме голема плоча за печење)

Поврзани написи

Loading
  • 0,5 кг. брашно
  • 200 гр. топен маргарин
  • 200 гр. шеќер
  • 2 јајца и една жолчка
  • Малку сол
  • 1 пакетче квасец
  • Рендана кора од лимон (еден лимон)
  • 0,25 литри млеко

Упатство: Измешајте го квасецот со 0,15 литри топло млеко и една лажица шеќер, и оставете квасецот да нарасне. Подгответе го тестото со останатите состојки. Покријте го и оставете го да нарасне околу половина час. Потоа поделете го тестото на две парчиња.

Фил:

  • 500-600 гр. мелени ореви
  • 350 гр. шеќер
  • 0,1 литар млеко
  • Рендана кора од половина лимон и сок од еден лимон
  • 50 гр. маргарин
  • 4 лажици мармалад од кајсии

Упатство: Сварете го млекото со шеќерот, додадете ги оревите и варете 0,5-1 минута мешајќи. Завршете со варењето и додаде ги другите состојки.

Подготовка: Расукајте го тестото според димензиите на плочата за печење, посипете топен маргарин на него и намачкајте половина од филот. Свиткајте. Повторете го ова со другото тесто. Покријте го и оставете да нарасне. Загрејте ја рерната на преку 130 степени. Почнете со печење на 130-150 степени, а потоа продолжете на 170-180 степени додека не се испече. Печењето трае околу 35 минути. Печениот колач треба да се посипе со мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар