08/01/2009
Откривањето на илирски трговски центар дава увид во животот на античките луѓе на Балканскиот Полуостров.
(Разни извори)
![]() Археолозите пронајдоа многу артефакти, вклучително и повеќе од 30 илирски бродови натоварени со римски амфори. [Универзитетот во Мостар] |
По неколку недели интензивно копање, археолошки тим од Универзитетот во Осло објави дека минатиот месец дошол до откритие кое може да ја промени пишаната историја на Илирите за периодот на нивното постоење.
Илирскиот трговски центар на граничната област помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина (БиХ) фрла светлина на еден непознат аспект од животот на овие антички луѓе на Балканскиот полуостров.
Водачот на археолошкиот тим кој ги откри трагите од трговскиот центар е вонредната професорка Марина Прусак. „Нашето откритие е важно за разбирање на културните индентитети на Балканот во античките времиња“, рече таа.
Откритието -- прво од ваков вид -- се состои од руини на населба и остатоци од пристаниште кое најверојатно функционирало како трговски центар. Археолозите пронајдоа потонати бродови натоварени со вински бокали, или амфори, кои датираат од првиот век пред н.е. Многу парчиња од пронајдените садови покажуваат дека ова бил голем трговски центар.
Десило, каде што тимот ископувал, е на 20 километри оддалеченост од брегот на алувијалната рамница покрај реката Нерветва. „Десило се наоѓа на најоддалечената точка од мирниот залив каде што било природно да се пренесува стока на помали бродови, така што местото е совршено за внатрешно трговско пристаниште. Знаевме дека ако најдеме пристаниште тоа ќе претствува редок пример на собиралиште во оваа непроодна средина“, изјави Прусак за Сајансдејли.
Илирите биле индоевропско племе, кое се појавува во западниот дел од Балканскиот Полуостров околу 1.000 пред н.е. -- период кој се совпаѓа со крајот на Бронзеното време и почетокот на Железното време. Тие населиле голем дел од областа во текот на следниот милениум.
Во својот врв, античка Илирија го опфаќала Јадранското крајбрежје и планинскиот внатрешен дел на западен Балкан -- денешна Албанија, Словенија, Далмација, Хрватска, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија -- вклучително, во еден период, и регионот на Молоса (Епир) во северозападна Грција.
Илирите потпаднале под римска власт за време на првиот век пред н.е. Илирските територии подоцна станале провинции на Римското царство и Византија.
Откритието на норвешкиот тим и неговото толкување фрла светлина на античките трговски врски помеѓу Римјаните и Илирите и покажува дека Илирите не биле само воини и пирати, како што ги опишуваат некои историчари, туку и луѓе што развивале своја економија и трговија.
Со датирањето на амфорите, научниците пронајдоа показатели дека бродовите потонувале во период од скоро еден век -- што покажува дека тие не биле пиратски бродови напаѓани од Римјаните.
Археологот Адам Линдхаген, кој е специјалист за римски амфори и кој учествуваше во експедицијата, вели дека ова е најважно откритие досега од илирскиот период.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's