08/01/2009
Повеќето училишта во Србија се изградени помеѓу двете светски војни и не се поправани оттогаш. Владата ветува повеќе средства за решавање на проблемот.
Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 08/01/09
![]() Моментно процентот на буџетот што Србија го посветува на образованието е еден од најниските во Европа. [Getty Images] |
Српските трошни училишта можеби конечно ќе бидат реконструирани, ако властите ги реализираат своите планови за вложување повеќе пари во образовниот систем. Министерот за образование, Жарко Обрадовиќ, вели дека сака да ги зголеми инвестициите во образованието на 6 отсто од БДП до крајот на неговиот мандат, во 2012 година.
„Инвестирањето во образованието е еднакво на инвестирање во иднината. Само ако ги зголемиме буџетските средства за образованието, ние ќе го забрзаме развојот на Србија и ќе создадеме подобри животни услови за сите граѓани“, рече Обрадовиќ.
Податоците од српското обвинителство покажуваат дека поголем дел од 1.851 основно и средно училиште во земјата се изградени помеѓу двете светски војни. Тие оттогаш не се модернизирани, ниту реновирани. Едно од четири училишта е старо повеќе од 60 години и опремата е во просек стара околу 42 години. Нема греење во 25 отсто од училиштата, додека само 30 отсто имаат библиотека.
Повеќе од половина од сите српски училишта не ги исполнуваат законските норми за гимнастички сали и нивна опрема, според Министерството за млади и спорт.
Моментно, процентот од буџетот што Србија го посветува на образованието е еден од најниските во Европа. Буџетот од 2008 година предвидува трошење на 3,6 отсто од целокупниот БДП на образованието. Таа сума ќе падне на 3 отсто во 2009 година поради тоа што светската економска криза доведе до намалувања во сите области на буџетот. За споредба, Босна и Херцеговина инвестира 3,8 отсто од својот БДП за образованието, додека Хрватска троши околу 5 отсто.
Но, има и добри вести. Академските и работните услови постепено се подобруваат. До средината на 2009 година сите училишта во земјата ќе имаат Интернет пристап според договорот потпишан минатиот месец од страна на Министерството за образование и Телеком Србија.
„Брзиот Интернет ќе ја зголеми и забрза размената на информации во образованието и ќе ја подигне информатичката писменост на повисоко ниво“, рече Обрадовиќ по потпишувањето.
Статистиката покажува дека 41 отсто од српските домаќинства имаат компјутер и 33 отсто имаат Интернет пристап. Околу 52 отсто од населението користи компјутер, од кои два милиони користат Интернет на редовна база.
Обрадовиќ, исто така, потпиша договор на крајот од минатиот месец до францускиот амбасадор во Белград, Жан-Франсоа Терал, за обезбедување часови по француски јазик во српските училишта. Францускиот е прв странски јазик кој моментно се учи во 50 основни училишта и е втор странски јазик во 600 училишта.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's