Балканот стана заложник на руско-украинскиот ќор-сокак

08/01/2009

Повеќето балкански земји се погодени од спорот околу природниот гас помеѓу Русија и Украина, кој ги чини пристап до нови резерви.

(Разни извори -- 06/01/09 - 08/01/09)

photo

Бугарија, Унгарија, Австрија, Германија, Полска, Романија, Чешка и Турција се соочуваат со недостаток на природен гас, бидејќи руското претпријатие „Гаспром“ обезбедува поголем дел од нивниот увоз. [Getty Images]

Шефовите на руското претпријатие „Гаспром“ и украинското „Нафтогас“ се состанаа во четвртокот во Москва (8-ми јануари), на разговори околу решението на спорот во врска со цените на гасот и транзитните трошоци, кој ги погоди ЕУ и балканските земји во една од најстудените зими во последниве децении.

Генералниот директор на „Гаспром“ Алексеј Милер и неговиот колега од Нафтогас, Олех Дубина, ги одржаа своите први разговори во четири очи од почетокот на кризата на 1-ви јануари, кога Русија ги прекина испораките на гас за Украина. Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за прекинот.

Русија обезбедува 25 отсто од вкупниот дотур на гас за Европа, испорачувајќи околу 80 отсто од тој дел низ гасоворите преку Украина.

Бугарија, која зависи од Русија за 96 отсто од својот гас, беше една од земјите во ЕУ кои беа највеќе погодени од итниот прекин на дотурот во вторникот.

Милиони Бугари го почувствуваа влијанието на тој потег скоро веднаш, бидејќи радијаторите во зградите со централно греење низ целата земја се изладија пред зајдисонце и комуналните претпријатија се бореа да изнајдат алтернативни горива. Десетици училишта и градинки беа затворени во средата бидејќи внатрешните температури се спуштија под законскиот минимум. Некои болници велат дека можеби ќе мора да ги лечат само пациентите кои имаат итна потреба за лекарска помош. Организацијата на работодавачите во најсиромашната членка на ЕУ вели дека бизнисите губат околу 250 милиони евра на ден.

„Неочим“, еден од водечките бугарски производители на ѓубриво, објави дека е избегнал голема експлозија во вторникот кога морал да ги затвори своите објекти на итна вонредна база.

Македонија, Грција и Турција, исто така, се справуваат со недостатоците. Последните две се малку помалку зависни од рускиот природен гас и имаат алтернативни правци на снабдување, но Македонија -- како и Бугарија -- зависи скоро целосно од рускиот гас.

Две од најголемите фабрики во Македонија мораше да прекинат со производство по православен Божиќ во средата.

Босна и Херцеговина (БиХ), Хрватска, Србија и Романија, исто така, објавија целосен прекин на рускиот дотур, што го погоди на најразличен степен.

Меѓу нив, БиХ е во најлоша состојба и стравува од „катастрофа“ бидејќи Русија го обезбедува скоро целиот нејзин гас. Босанците побрзаа да купат електрични греалки, додека двете најголеми топилници мораа да се затворат скоро целосно.

Хрватска, наводно, има доволно резерви да траат околу три недели, во голем дел поради тоа што произведува скоро половина од природниот гас што й е потребен.

Поврзани написи

Loading

Но, Србија зависи од рускиот дотур за околу 87 отсто од своите потреби за гас. „Србијагас“ вели дека нејзините резерви гас може да траат околу десет дена.

Романија обезбедува околу 65 отсто од своите потреби. Владата ги увери Романците дека гасот и греењето треба да бидат доволни и „дека индустријата може да биде погодена само ако температурите паднат под просекот од -15 Целзиусови степени“.

Генералните директори Милер и Дубина ќе учествуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел во четврток, за решавање на кризата.

Обвинувајќи ги во средата двете земји дека го држат снабдувањето на гас за ЕУ за „заложник“, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, повика на итно продолжување со снабдувањето.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар