06/01/2009
Јулијанскиот календар на православната црква им овозможува на членовите да прославуваат не една, туку две, нови години.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 09/01/06
![]() Православните Срби горат дабови гранки на Бадник пред црквата Св. Сава во Белград. [Getty Images] |
Српската православна црква сé уште се придржува на Јулијанскиот календар, што им дава на Србите шанса да ја прославуваат Нова Година двапати: еднаш заедно со остатокот од светот на 31-ви декември и повторно на 13-ти јануари.
Сепак, различните календари й прават одреден проблем на црквата: имено, во времето кога верниците треба да постат пред православен Божиќ в среда (7-ми јануари), многумина од нив ја прославуваат Нова Година, според секуларниот Грегоријански календар.
Во времето на комунизмот, пред воведувањето на повеќепартискиот систем, прославувањето на верските празници претставуваше политичко дисидентство. Во времето на режимот на Милошевиќ во 1990-тите, опозициските партии честопати го претвораа јавните прослави на т.н. Српска Нова Година во митинзи против тогашниот српски и југословенски претседател.
Но, сега, јавните прослави на Нова Година се голем магнет за српскиот туризам, бидејќи луѓето од поранешните југословенски републики се собираат во Србија -- особено во Белград -- со десетици илјади за да уживаат во прославите.
Божиќ е празникот кој е најбогат со српски обичаи. Србите го сметаат за празник кој треба да се помине со семејството. Наместо вообичаените поздравувања, луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди“ и „Навистина се роди“, како одговор.
Вечерта пред Божиќ се вика Бадник. Овој израз, наводно, потекнува од името на божеството обожувано од старите политеистички Срби, Бадња. Кога се преобразиле во христијанството, според народните приказни, Србите ги фрлиле дрвените статуи на Бадња во оган.
Тоа е потеклото на горењето бадњак, сува дабова гранка на Бадник. Едниот крај од гранката се мачка со мед, кој децата го лижат.
Овој обичај носи и друг вид симболика -- топлејќи се себеси околу запалените гранки, членовите на домаќинството се топлат себеси и со љубов, чесност и единство. Пред Божиќ, тие ги покриваат подовите на својот дом со сено, кој го симболизира местото каде што се родил Исус Христос.
Семејствата печат специјален леб, наречен чесница за Божиќ, ставајќи златна или сребрена паричка во тестото како дар за Христос. Секој член на семејството добива парче.
Според верувањето, годината ќе биде плодна ако врне снег на Божиќ. Дождот или ненадејното зголемување на температурите се лош знак. Почнувањето на некој вид проект по Божиќниот ручек овозможува трудољубивост и успех во текот на целата следна година.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's