06/01/2009
Дотурот на руски природен гас за Бугарија, Грција, Македонија и Турција беше целосно запрен во вторникот, за време на сé подлабокиот спор околу плаќањето помеѓу Русија и Украина, која го прекина дотурот на гас и за другите европски земји.
(AФП, ББС, Интернешнал хералд трибјун, Софија ечо, Дневник, новинска агенција Фокус, Nine O'clock, Заман - 06/01/09; Ројтерс, АП, ДПА, Блумберг, УПИ, ФТ, Тајмс, ВОА, Медиапул, Агерпрес, Б92 - 05/01/09)
![]() Заменик-претседателот на Гаспром, Александар Медведев (втор од лево), во понеделникот (5-ти јануари) во Париз се состана со француската министерка за економија, Кристин Лагард (втора од десно). [Getty Images] |
Бугарија се соочува со гасна криза, рече во вторникот (6-ти јануари) премиерот Сергеј Станишев, само неколку часа откако целиот дотур на руски гас до оваа балканска земја и нејзините три соседи беше прекинат. Бугарија стана жртва на жестокиот спор околу цената помеѓу рускиот „Гаспром“ и Украина, како што изјави премиерот, кој одржа вонреден состанок на владата.
„Во 03:30 часот, дотурот ... за Бугарија како и транзитот за Турција, Грција и Македонија беше прекинат“ на украинско-руската граница, соопшти бугарското Министерство за енергија и економија.
Бугарија зависи од Русија за скоро 100 отсто од своите потреби од природен гас. Нејзиното единствено складиште во Чирен може да покрие само една третина од дневните потреби на земјата.
Димитар Гогов, директор на „Булгаргас“, ги повика големите потрошувачи на претпријатието да ја стават под контрола потрошувачката и да размислат за брзо преминување на алтернативните извори на енергија.
„Гаспром“ го прекина дотурот за Украина на 1-ви јануари, по прекинот на преговорите за неплатените сметки за гас на Украина и договорот за снабдување за 2009 година. Спорот уследи три години по друга ваква расправија и прекин на дотурот на гас до рускиот сосед.
Романија, исто така, има пад во снабдувањето. „Увозот на романски гас е сега намален за околу 75 отсто“, изјави Јоан Русу, шеф на романскиот државен оператор на гасоводот „Трансгас“, за Ројтерс во вторникот.
Целокупните резерви на природен гас, наводно, изнесуваат 2,3 милијарди кубни метри. Букурешт ги увери домаќинствата во понеделникот дека намалувањето на увозот на руски гас нема да има негативно влијание по нив.
Турција и Грција, исто така, објавија пад во нивното снабдување со природен гас.
Известените претставници на 27 земји од ЕУ одржаа вонреден состанок во Брисел во понеделникот.
ДПА вели дека сé поголем број земји на ЕУ веруваат оти „Русија и Украина се дискредитираат себеси како сигурни извори на енергија“. Членките од Централна и Источна Европа особено ја истакнуваат сé поголемата потреба за диверзификација на изворите на снабдување и зајакнување на енергетската сигурност.
ЕУ зависи од Русија за околу една четвртина од својата целокупна потрошувачка на гас. Министрите за надворешни работи на ЕУ, кои в четврток ќе се состанат во Прага, ќе остварат понатамошни разговори околу кризата.
„Нафтогас“, украинско државно претпријатие за гас, во вторникот издаде предупредување дека девет европски земји, вклучително Германија, Унгарија и Полска, наскоро ќе доживеат пад во снабдувањето со гас.
„[Гаспром] го намали дотурот на 92 кубни метри на 24 часа, во споредба со ветените 221 кубни метри без објаснување“, рече портпаролот на „Нафтогас“, Валентин Земљански.
Новото намалување на дотурот преку Украина уследи по состанокот на рускиот премиер Владимир Путин во понеделникот со генералниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, кој наводно го препорачал потегот за да ја казни Украина за наводното пренасочување на гасот.
„Почнете со намалување од денес“, наводно, му рекол Путин на Милер.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's