30/12/2008
Учесници од десет земји во регионот разговараа околу напорите за постигнување побрз пристап во ЕУ, на конференцијата во Македонија.
Од Љубомир Христоф за Southeast European Times во Охрид -- 30/12/08
![]() Учесниците на конференцијата разговараа за пристапот во ЕУ. [Архива] |
Стопанската комора на Македонија беше домаќин на конференцијата на стопанските комори од Југоисточна Европа минатиот месец во Охрид. Темата на конференцијата -- „Побрзо до ЕУ“ -- им овозможи на учесниците од десет земји, почнувајќи од Словенија, па сé до Турција, да разменат искуства и да разговараат околу опциите за побрз пристап во ЕУ.
На учесниците на конференцијата им се обрати македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески, кој даде кус преглед на напорите за исполнувања на обврските на неговата земја од Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), вклучително и промовирањето конструктивен дијалог меѓу етничките заедници на земјата, судските реформи, полициските реформи, мерките против корупцијата и јакнењето на административниот капацитет.
„Убеден сум дека [Maкедонијa], Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Албанија имаат доволен капацитет и се подготвени да застанат рамо до рамо во поглед на своите одговорности како идни членки на ЕУ, со сегашните членки“, рече Ставрески.
Претставникот на Бугарија, Љубомир Христоф, ја отвори дискусијата посочувајќи дека патот кон пристапот и квалитетното спроведување на реформите од ДСА е исто онолку важно колку и самиот пристап. Зајакнувањето на институциите, модернизацијата на инфраструктурата и подготвувањето за слободно движење на стоката, капиталот и луѓето помогнало за зајакнување на конкурентноста на економијата на неговата земја, рече тој.
Претседателите и претставниците на стопанските комори ги разменија своите искуства и предизвиците во подготвувањето на пристапот во ЕУ. Романскиот амбасадор во Македонија, Адријан Константинеску, даде преглед на патот што неговата земја го помина до ЕУ во 2007 година. Тој ја потврди желбата и подготвеноста на неговата земја да им помогне на земјите од Западен Балкан да пристапат во Унијата.
Генералниот директор на Стопанска банка, Глигор Бишев, го цитираше најновиот извештај на Светската банка за водењето бизнис, истакнувајќи дека во него се набројани неколку земји од регионот -- вклучително и Албанија и Македонија -- меѓу десетте најбрзи реформатори во светот. Тој истакна дека овој статус претставува доказ за политичката волја во регионот да се подготви за пристапот во ЕУ што е можно побргу.
Конференцијата, исто така, даде можност за поврзување на водечките бизниси во регионот.
Македонските организатори изразија надеж дека оваа конференција ќе стане редовна.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's