Српскиот суд ги потврди пресудите за убијците на Ѓинѓиќ

30/12/2008

Српскиот Врховен суд во понеделникот ги потврди казните за деветмината осудени за убиството на Зоран Ѓинѓиќ, но ги намали оние што им беа изречени на тројцата други учесници.

(Бета, Б92, Радио Србија, АП, ВОА, Javno.hr - 29/12/08)

photo

Паравоениот командант Милорад Улемек (во средината), беше прогласен за виновен во 2007 година за организирање на атентатот. [Getty Images]

Врховниот суд на Србија во понеделникот (29-ти декември) ги потврди пресудите за деветмина од 12-мината осудени учесници во атентатот од 2003 година на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Истиот ги намали казните што им беа изречени на тројцата други членови на групата.

Судот ја потврди затворската казна во траење од 40 години што им ја изрече белградскиот Специјален суд за организиран криминал во мај 2007 година на Милорад Улемек - Легија и Звездан Јовановиќ, главните осомничени за убиството на првиот српски демократски избран премиер.

Судиите го прогласија Улемек, поранешен командант на озлогласената специјална полициска единица, позната како Црвени баретки, за виновен за организирање на нападот на Ѓинѓиќ, кој почина од канонада куршуми пред зградата на владата во Белград на 12-ти март 2003 година. Тие, исто така, го прогласија Јовановиќ, кој беше негов заменик во Црвените баретки, за виновен за притискање на чкрапалото.

Поврзани написи

Loading

Врховниот суд дополнително ја потврди 35-годишната казна за Александар Симоновиќ, Нинослав Константиновиќ и Владимир Милисављевиќ, сите членови на криминалната група наречена Земунски клан. Истиот ја потврди 30-годишната затворска казна што им беше изречена на двајца други членови на истата банда, Милош Симоновиќ и Милан Јуришиќ, и на поранешниот службеник на Безбедносно-информативната агенција Бранислав Безаревиќ, како и осумгодишната казна на поранешниот член на Црвените баретки Саша Пејаковиќ.

Но, високиот суд, одреди и некои намалувања на казните, како на пример на 35-годишната затворска казна на Сретко Калиниќ од Земунскиот клан, на 30 години, пресудувајќи дека покуса затворска казна ќе биде посоодветна за неговата улога во атентатот. Имајќи го предвид признанието на Душан Крсмановиќ, судиите му ја скратија за десет години неговата првична затворска казна од 30 години. Поранешниот припадник на Црвените баретки Жељко Тојага - Жмиги доби преполовување на неговата 30-годишна затворска казна, бидејќи судот пресуди оти тој учествувал само во еден дел од заговорот за убиство на Ѓинѓиќ, имено, обидот за организирање сообраќајна несреќа на 21-ви февруари 2003 година во Белград.

Целта на заговарачите била враќање на соработниците на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ на власт, спречување на прозападните реформи и спречување на какви било понатамошни екстрадиции на осомничените за воени злосторства во Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг, се вели во пресудата.

Според белградската новинска агенција Бета, пресудата на Врховниот суд од понеделникот ги категоризира кривичните дела извршени од страна на Улемек како заговор заради противуставни дејства. Портпаролката на судот, Весна Дабиќ, истакна дека Улемек и Јовановиќ, кои добија максимални казни, сега се соочуваат со рок од 15 дена за поднесување жалби, ако сакаат да го сторат тоа, и Врховниот суд потоа ќе заседава за да донесе одлука во случајот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар