ЕУЛЕКС ќе започне со операциите на 9-ти декември

04/12/2008

Министрите за надворешни работи на НАТО, кои се состанаа оваа недела, рекоа дека распоредувањето на мисијата на ЕУ низ цело Косово претставува главен приоритет, и официјален претставник на мисијата го посочи 9-ти декември како датум на почеток на мисијата.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 04/12/08

photo

Мисијата ЕУЛЕКС се очекува да преземе многу од надлежностите на УНМИК. [Getty Images]

Министрите за надворешни работи на НАТО, кои се состанаа оваа недела, рекоа дека е многу важно мисијата на ЕУ во Косово да почне да функционира наскоро.

„Брзото распоредување на Мисијата за владеењето на правото на Европската унија (ЕУЛЕКС) низ цело Косово претставува итен приоритет“, велат министрите во изјавата објавена во средата (3-ти декември), на крајот од дводневниот состанок. „Силно ги охрабруваме косовските власти и Србија целосно да соработуваат со сите релевантни фактори и по периодот на предавање на ингеренциите“.

Министрите, исто така, ветија дека „обемното“ присуство на КФОР ќе остане во Косово за да помогне во гарантирањето на стабилноста и да помогне во спроведувањето на новите безбедносни аранжмани, вклучително и транзицијата на Косовскиот заштитен корпус во Косовски безбедносни сили.

„КФОР ќе соработува и ќе им помага на ОН, ЕУ и другите меѓународни актери, како што ќе има потреба, за поддршка на развојот на стабилно, демократско, мултиетничко и мирно Косово“, се вели во изјавата.

ЕУЛЕКС го најави 9-ти декември како свој датум на почеток, додавајќи дека планира да започне со спроведување на својот мандат на сите делови од Косово -- вклучително и северните делови каде што доминира српското население -- што е можно поскоро.

„Деветти декември е датумот кога полицијата на ЕУЛЕКС ќе дојде во Косово и ќе им се придружи на своите колеги од косовската полиција ... денот кога обвинителите ќе ги преземат своите задачи во судовите низ цело Косово. ЕУЛЕКС ќе ја започне својата мисија на терен на 9-ти декември“, изјави за Б92 директорот за комуникации на мисијата, Виктор Ројтер.

Мисијата би можела, евентуално, да се соочи со насилно локално противење. Косовските Албанци одржаа голем митинг во Приштина претходно оваа недела, протестирајќи поради ЕУЛЕКС, додека претставниците на косовските Срби ја повикаа да не доаѓа на север. Во средата вечер, групи локални Срби -- наводно лути поради мисијата -- вандализираа неколку автомобили во Митровица, а една средношколка од етничките Албанци рече дека ја нападнале Срби.

Водачите во Белград и Приштина ја искажаа својата поддршка за ЕУЛЕКС. „Мораме да воспоставиме тесна соработка и во никој случај не смееме да толерираме пцуење, обвинувања и фрлање камења на нашите партнери“, рече косовскиот премиер Хашим Тачи во средата.

Поврзани написи

Loading

Сепак, тој додаде дека косовските граѓани и институции ќе го оспорат секое одбивање на ЕУЛЕКС да се распореди низ целата земја на својот прв ден. Во тој случај, „мисијата го губи своето значење“, рече Тачи претходно оваа недела.

Тој призна дека ЕУЛЕКС ќе се соочи со негостољубива територија на север. „Оваа ситуација е создадена од условите таму и прифаќањето на паралелните структури“, рече тој. Сепак, потврди тој, „континуитетот на ваквите услови не може да се толерира“.

Градоначалникот на Митровица, Бајрам Реџепи, во вторникот рече дека неговата администрација е подготвена за соработка „сé додека ЕУЛЕКС ги почитува принципите утврдени за распоредувањето“.

Сепак, ЕУЛЕКС треба допрва да воспостави физичко присуство во северна Митровица. Канцеларија за мисијата не е сé уште отворена, за разлика од остатокот од Косово.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар