Србија повика на измени во Кумановскиот договор; Косово вели не

04/12/2008

Српските власти сакаат да го изменат Кумановскиот договор за да може нивната армија да дејствува во рамките на назначената Копнена зона на безбедноста, без дозвола на КФОР.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 04/12/08

photo

Според договорот од 1999 година на српската армија й треба дозвола од командантот на КФОР за да влезе во Копнената зона на безбедноста. [Getty Images]

Највисоките српски власти повикаа на измени во Кумановскиот договор -- кој властите на поранешна Југославија и НАТО го потпишаа на 9-ти јуни 1999 година за да стават крај на акцијата на НАТО во Србија за време на косовскиот конфликт.

Договорот меѓу Србија и Косово предвидуваше воспоставување Копнена зона на безбедност, која се протега 5 километри надвор од границата на Косово во остатокот на поранешната југословенска територија, во која војниците на поранешната југословенска армија не можат да влезат без дозвола од командантот на КФОР во Косово. Исто така, со договорот се воспостави 25-километарска зона на забранети летови. Пристапот кон зоните се олабави во текот не изминатите девет години.

Договорот, исто така, му дава на командантот на КФОР опција да повика 1.000 српски војници во Косово, првенствено за заштита на христијанските споменици и српските населби.

Српските власти сметаат дека договорот е застарен бидејќи НАТО и Србија повеќе не се воени непријатели и бидејќи Србија пристапи во програмата на НАТО Партнерство за мир.

„Србија докажа дека е фактор на стабилност во регионот ... Нема објективни безбедносни причини зошто би постоела [зоната на забранети летови]“, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ за белградскиот весник <i>Политика</i>.

Министерот за одбрана, Драган Шутановац, рече дека ревидирањето на Кумановскиот договор нема да значи враќање на српската армија во Косово, и покрај одредбата која дозволува враќање на 1000 војници во поранешната покраина.

Тој рече дека е „апсурдно“ тоа што присуството на српската армија на границата со Косово зависи од командантот на КФОР.

Приштина ги отфрли аргументите на Белград. Во неделата поранешниот косовски премиер Агим Чеку остро ја критикуваше идејата за измена на договорот.

„Кумановскиот договор значеше капитулација на тогашна Југославија и Србија. Секој обид за негово ревидирање претставува дел од дипломатската кампања на Србија за наметнување на своите ставови и агенда врз НАТО“, рече Чеку.

Поврзани написи

Loading

Актуелниот премиер Хашим Тачи изрази исти ставови. „Сите српски војници и српската администрација го напуштија Косово, но сонот на Белград остана“, рече тој.

Косово има „своја армија, свои безбедносни органи и НАТО“ и косовскиот „суверенитет и интегритет се неоттуѓиви“, додаде тој. Аналитичарите предвидуваат дека најголема корист Белград би имал од измената на договорот со можноста да носи воени одлуки во Копнената зона на безбедност без согласност од КФОР. Зоната ги вклучува јужните српски општини со претежно албанско население.

Началникот на српската војска, генерал Здравко Понос, рече дека разговорите со НАТО за ова прашање може да отпочнат подоцна овој месец.

Претставниците на НАТО не објавија официјални изјави во врска со иницијативата, но сепак анонимен извор на НАТО за локалните медиуми изјави дека Алијансата, најверојатно, нема да го ревидира договорот додека ЕУЛЕКС, мисијата на ЕУ во Косово, се подготвува за распоредување.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар