01/12/2008
Вооружените сили на Босна и Херцеговина сега претставуваат институција на БиХ успешно воспоставена на државно ниво, која постигнува голем напредок кон интеграцијата во НАТО.
Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 01/12/08
![]() Вооружените сили го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина. [Getty Images] |
Во понеделникот (1-ви декември) Вооружените сили на Босна и Херцеговина (АФ БиХ) го прославија својот трет роденден. Формирани во декември 2005 година, тие претставуваат мешавина од две основачки армии -- Босанско-хрватската армија на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Армијата на босанските Срби на Република Српска.
Моментно, улогите на АФ БиХ претставуваат пример за разновидноста на општеството од кое произлегуваат. Нивните војници се Бошњаци (45,9 отсто), Срби (33,6 отсто), Хрвати (19,8 отсто), додека членовите на другите етнички групи прават околу 0,7 отсто од силите. Исто така, 4,54 отсто се жени. Поставени под централна команда на претседателството на Босна и Херцеговина, нивната задача е да го загарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на БиХ.
Претседателот на претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, им честитеше на силите во понеделникот. „Резултатите во областа на одбраната и безбедноста постигнати досега во БиХ ми даваат за право да верувам дека [AФ БиХ] ... ќе биде професионална сила која ќе придонесува за мирот, безбедноста и стабилноста на БиХ и целиот регион“, рече тој.
Министерот за одбрана, Селмо Цикотиќ, за новинската агенција Фена изјави дека „сите обврски поврзани со одбранбените реформи на земјата се исполнети и ... е постигнат исклучителен напредок на патот на нашата земја кон полноправното членство во НАТО“. Признавајќи го нејзиниот успех како членка на Партнерството за мир (ПзМ), НАТО ја покани БиХ на почетокот од 2008 година да се приклучи на Акциониот план за индивидуално партнерство (ИПАП).
На самитот во април во Букурешт, Алијансата побара од БиХ да започне со процесот на интензивиран дијалог, дополнително признание за напредокот на патот кон членството во НАТО. На самитот во април 2009 година, рече Цикотиќ, БиХ ќе аплицира за Акциониот план за членство (МАП), што претставува уште една пресвртница. АФ БиХ ја подобрија својата обука во обид за исполнување на стандардите на Алијансата.
Во согласност со овој процес, следниот септември во Бања Лука, НАТО ќе ја спроведе својата вежба Здружени напори 2009 -- голема вежба за верификување на меѓусебната оперативност на комуникациските системи на НАТО и земјите од ПзМ. Ќе учествуваат повеќе од 1.200 претставници на 42 земји и две меѓународни организации.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's