27/11/2008
Романците в неделата ќе излезат на гласање, на првите избори во земјата според еднономинален гласачки систем.
Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт - 27/11/08
![]() Социјалдемократската партија купи простор за билборд во Клуј-Непока. [Getty Images] |
Романците в недела (30-ти ноември) ќе гласаат на општите избори. Ова ќе бидат први избори одржани според новиот еднономинален гласачки систем, во кој гласачите ќе избираат помеѓу кандидатите одделно, наместо да ја избираат целата партиска изборна листа, како што беше случајот порано. Како резултат на тоа, кандидатите мораат да инвестираат повеќе енергија во кампањата, за да имаат шанса за победа.
Гласањето се одржува во време на пресвртница за земјата. Економијата достигна стапка без преседан од 9 отсто, корупцијата е сé уште голема пречка и клучните инфраструктурни проекти се забавени. Недостатокот на видливи напори од страна на владините институции за апсорбирање средства од помошта на ЕУ резултира со укори од страна на блокот.
Во потрага по гласови, партиите номинираа скоро 3.000 кандидати, вклучително и јавни фигури како уметници, спортисти и добро познати новинари.
Последната анкета на ИНСОМАР -- нарачана од телевизија Реалитатеа и објавена во понеделникот -- покажува дека 35 отсто од гласачите се за главната опозициска Социјалдемократска партија (ПСД), 32 отсто ја поддржуваат Демократско либералната партија (ПДЛ) и 21 отсто ја поддржуваат Националната либерална партија (ПНЛ).
Но, според истата анкета, 38 отсто од испитаниците сакаат Теодор Столојан од ПДЛ да биде премиер, додека само 30 отсто сакаат тоа да биде Мирчеа Џоана од ПСД и 23 отсто се одлучиле за актулениот премиер Калин Попеску Таричеану.
ПСД, која ги здружи силите со Конзервативната партија (ПК), се надева дека актуелната глобална економска криза ќе ја зајакне нејзината позиција, бидејќи гласачите се загрижени да не ги загубат своите работни места. „Централнолевичарските партии се чини дека се подобро подготвени да се справат со социјалните притисоци“, рече претседателот на ПСД, Џоана. „Во време на криза ... постои еден вид потсвесно наклонување на јавноста кон партијата која носи чувство на удобност и компетентност“.
ПДЛ, пак, се надева дека напорите на силната база ќе ја издигне на врвот. Партијата ја направи кампањата на одење врата до врата, важен дел од својата стратегија, истовремено додворувајќи им се на гласачите со допадливи слогани и негативни напади кон своите противници.
Едно од клучните прашања во кампањата, особено на почетокот, беше контроверзноста во врска со зголемувањето на платите на наставниците. Опозициските партии беа за зголемувањето, додека владата го отфрли. Соочен со критики, Таричеану на крајот објави постепено зголемување на платите од 28 отсто за наставниците, кое ќе стапи на сила на март и ќе се финализира во септември 2009 година.
Неколку насилни инциденти ја нарушија кампањата. На автобус од кампањата на ПСД, со Џоана и други во него, наводно, било пукано пред две недели. Во друг случај, активисти од две различни партии се степаа поради лепењето постери. Неколку луѓе беа одведени во болница.
Министерството за внатрешни работи вели дека неговите агенти интервенирале во повеќе од 700 инциденти поврзани со кампањата, при што се отворени 158 случаи.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's