Советот за безбедност на ОН го одобри планот од шест точки на Бан

27/11/2008

Планот на генералниот секретар на ОН за распоредувањето на ЕУЛЕКС доби едногласна поддршка од членовите на Советот за безбедност. Приштина изрази сериозна резервираност, но рече дека ќе соработува со меѓународната заедница.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 27/11/08

photo

Советот за безбедност на ОН го отвори патот за мисијата на ЕУ во Косово во средата (26-ти ноември). [Getty Images]

Советот за безбедност на ОН во средата (26-ти ноември) ја даде својата поддршка за планот за реструктуирање на УНМИК и распоредување на европска полициска и правна мисија во Косово. Членовите едногласно го одобрија планот од шест точки на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, со кој се овластува распоредување на мисијата на ЕУЛЕКС на целата територија на Косово.

Косовските водачи се спротивставија на планот на Бан, врз основа на тоа дека истиот ќе ги ослабне ингеренциите на косовските институции. Министерот за надворешни работи, Скендер Хисени, ги повтори овие приговори во вторникот, изјавувајќи пред Советот за безбедност дека неговата земја е подготвена да соработува, но не сака нејзиниот суверенитет да биде доведен во прашање.

„Косово не е против меѓународната заедница и ние сме заинтересирани за тесна соработка со нив. Но, не ги признаваме плановите кои претставуваат закана за нашиот суверенитет“, рече тој. Тој предупреди дека планот од шест точки ќе создаде два паралелни синџири на власт, попречувајќи ги напорите на Приштина за ставање на целата земја под нејзина управа.

Србија, кој првично се спротивставуваше на распоредувањето на ЕУЛЕКС, се согласи со изменетата верзија на предлогот на Бан. Според истата, распоредувањето останува одвоено од планот на Ахтисари за надгледувана независност, кој не доби одобрување од Советот за безбедност. Српските енклави ќе имаат значителна самоуправа, вклучително и над полицијата.

Поврзани написи

Loading

Србија и понатаму тврди дека независноста на Косово е нелегитимна. Нејзин силен сојузник во Советот за безбедност, Русија, го блокираше планот на Ахрисари и сега предупредува дека декларацијата за независност би можела да води до поделба на покраината.

„Постои де факто поделба на Косово“, рече рускиот амбасадор во ОН, Витали Чуркин.

Соединетите држави и другите западни земји и понатаму го поддржуваат Косово, истовремено повикувајќи на брзо распоредување на ЕУЛЕКС. „Независноста и суверенитетот на Косово се нешто за што не може да се преговара“, рече британскиот амбасадор во ОН, Џон Соерс.

Шефот за безбедност на ЕУ, Хавиер Солана, рече дека мисијата од 2.000 припадници би требало да се распореди низ цело Косово до средината на декември.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's