Несреќа го сврте вниманието на условите во романските рудници

25/11/2008

Некои работници во рудниците Петрила, каде што загинаа повеќе од десет лица во двојната експлозија претходно овој месец, велат дека управата ги игнорирала предупредувањата.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт – 25/11/08

photo

Смртоносната експлозија на гасот метан предизвика двојна експлозија во рудниците Петрила на 15-ти ноември. [Getty Images]

Додека Романија се тресе од катастрофата овој месец во рудниците Петрила, зголеменото внимание се фокусира на практиките на рударската индустрија. Критичарите говорат за игнорирани предупредувања и притисок врз рударите да се вратат на несигурните работни места.

Експлозиите од 15-ти ноември во романската Долина Јиу беа најголем ваков инцидент во земјата од 2001 година. Концентрацијата на гасот метан доведе до две експлозии, при што втората ги десеткуваше спасувачките екипи кои одговорија први.

Осуммина рудари и четворица спасувачи загинаа на местото, додека десетици беа хоспитализирани со изгореници. Тринаесеттиот рудар почина во болница во понеделникот (24-ти ноември), десет дена по несреќата.

„Не мораме да продолжиме со убивање на луѓето во рудниците“, рече претседателот Трајан Башеску при посетата на местото на несреќата. Тој ги повика властите да ги подобрат работните услови.

Истрагата ги разгледува поплаките на роднините на жртвите дека управата веќе знаела за проблемот во рудникот неколку дена пред експлозиите, при што некои рудари веќе имале изгореници. Обвинителите извршија накрстен распит на менаџерите во Националното претпријатие за јаглен (ЦНХ) во Петросани.

Според извештајот на телевизиај Реалитатеа, рударите им кажале на своите надзорници за својата загриженост, но тие сепак морале да се вратат на работа. Маријан Холбан, водач на синдикатот на рударите, поднесол тужба до локалната полиција, тврдејќи дека добил смртни закани откако се појавил во телевизиско шоу каде што говорел за лошите работни услови во рударскиот сектор.

Министерот за економија, Варујан Восганијан, ја суспендираше управата на ЦНХ до завршувањето на истрагата. Тој, исто така, побара истрага за државните субвенции. Официјалните цифри покажуваат дека ЦНХ акумулирал 1,3 милијарди евра долг кон државата, што го прави најголем должник.

Поврзани написи

Loading

Романската влада одвои финансиска помош за семејствата на жртвите -- 2.600 евра за роднините на загинатите и тешко повредените и 1.300 евра за другите повредени.

Букурешт ќе издаде специјални студентски грантови за 13 деца чии татковци загинаа минатата недела во рударската несреќа. Властите во округот и ЦНХ, исто така, ветија значителна финансиска помош.

Премиерот Калин Попеску Таричеану, пак, предупреди да не се извлекуваат прерани заклучоци. „Мораме да почекаме за резултатите од истрагата и да избегнеме шпекулации дотогаш“, рече тој.

Последниот инцидент во Петрила се случи во 1982 година, во времето на Чаушеску, и беше исто толку тежок. Четиринаесет рудари загинаа, а 15 беа повредени.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар