Aлбанците се соочуваат со последиците од неплаќањето на сметките за струја

24/11/2008

Албанците кои не ги платиле своите сметки за електрична енергија може да останат без греење оваа зима.

Од Мањола Хала за Southeast European Times во Тирана – 24/11/08

photo

Оние кои не ги платиле своите сметки ќе останат без струја. [Getty Images]

Албанците се навикнати на нередовните снабдувања и понекогаш целосни прекини на струјата. Но, оваа зима, додека дистрибутерот на електрична енергија поминува низ фаза на неизбежна приватизација, Албанците ќе искусат за првпат нов вид недостаток на енергија: струјата ќе им биде прекината на оние корисници кои не ги платиле своите сметки за електрична енергија.

Албанската национална телевизија емитува соопштенија на јавниот сервис во кои се предупредуваат корисниците на струја да си ги подмират своите сметки. Во спротивно, како што се вели во соопштенијата, нивната струја „ќе исчезне“.

Промената доаѓа во време кога чешкото претпријатие ЦЕЗ ги завршува преговорите со Министерството за трговија и енергија за купување 76 отсто од ОСШ, албанското државно претпријатие за електродистрибуција.

ЦЕЗ, со понудата од 102 милиони евра, победи на тендерот за приватизација на почетокот од октомври. Процесот би можел да заврши до крајот на годинава.

Според условите на тендерот, ЦЕЗ ќе ги отплати долговите на дистрибутерот и ќе инвестира 200 милиони евра во следните пет години. За возврат, Тирана ќе ја прогласи за кривично дело кражбата на електрична енергија, претходно со низок приоритет на правно спроведување.

Во меѓувреме, новата неодложност на плаќањето на сопствените сметки, почна да се сфаќа помеѓу јавноста. Домаќинствата платија 82 отсто од своите долгови во октомври, додека претпријатијата платија 92 отсто, според ОСШ. Најголеми должници се државните институции.

Албанскиот енергетски сектор е поделен помеѓу три државни претпријатија -- КЕШ, кој се занимава со генерирањето струја; ОСТ, кој управува со далноводите и новоприватизираниот ОСШ.

Поврзани написи

Loading

Државниот енергетски сектор може да обезбедува 68 отсто од струјата во земјата, според КЕШ. Швајцарски, чешки и српски претпријатија го обезбедуваат остатокот.

Албанија го приватизира својот енергетски сектор во надеж дека ќе привлече повеќе инвестиции, ќе го подобри управувањето со секторот и со тоа ќе ги реши честите финансиски проблеми на секторот. Меѓународните институции во земјата силно ја поддржуваат оваа стратегија; на пример, Меѓународната финансиска корпорација помогна во тендерот на ОСШ.

Приватизацијата на ОСШ, како што очекуваат набљудувачите, ќе му претходи на синџирот следни приватизации.

ОСШ е второто по големина претпријатие во земјата што се приватизира, по поранешниот нафтен монопол, АРМО.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар