Брамерц вели дека е задоволен од последната соработка на Србија

20/11/2008

Иако главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц оваа недела изрази задоволство од нивото на соработка на Србија во врска со воените злосторства, белградските власти се сомневаат дека европската интеграција може да продолжи без фаќање и екстрадиција на бегалецот Ратко Младиќ.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 20/11/08

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ (десно) во вторникот (18-ти ноември) во Белград се состана со главниот обвинител на ОН за воени злосторства, Серж Брамерц (лево). [Getty Images]

Главниот обвинител на Трибуналот на ОН за воени злосторства, Серж Брамерц, беше во дводневна посета на Белград оваа недела, собирајќи информации за својот следен извештај. Овие заклучоци, предложени за агендата на 12-ти декември на Советот за безбедност на ОН, би можеле да бидат клучни за продолжувањето на процесот на европска интеграција на Србија.

Иако Брамерц изрази задоволство од соработката на Белград во текот на изминатите неколку месеци, малкумина српски функционери веруваат дека интеграцијата ќе продолжи без апсењето и екстрадицијата на поранешниот генерал Ратко Младиќ, кој е обвинет за геноци во Босна и Херцеговина.

Само две од 27-те членки на ЕУ, Холандија и Белгија, го блокираа спроведувањето на привремениот трговиски договор со Белград во септември. Овој договор е економскиот дел од Договорот за стабилизација и асоцијација, кој ЕУ го потпиша со Белград на 29-ти април. Истиот ден, договорот беше одложен додека Србија не постигне целосна соработка со Хашкиот трибунал.

Европската комисија ја охрабри Србија да започне со спроведувањето на договорот еднострано. Белград соопшти дека ќе го стори тоа од 1-ви јануари 2009 година, со намалување на одредени царински давачки за увозот од ЕУ.

Брамерц во вторникот (18-ти ноември) се состана со високи српски претставници во Белград, вклучително и со претседателот Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ.

Брамерц не даде изјава за медиумите во текот на својата посета, но во соопштението за медиумите на кабинетот на премиерот се вели дека главниот обвинител ја опишал соработката помеѓу Трибуналот и Србија во изминатите неколку месеци како многу добра.

Цветковиќ рече дека очекува извештајот на Брамерц на 12-ти декември до Советот за безбедност на ОН да биде позитивен.

Поврзани написи

Loading

Тадиќ изјави дека Србија енергично трага по преостанатите обвинети и работи на успешното финализирање на соработката со Трибуналот на ОН. Тој додаде дека „српските државни тела целосно соработуваат со Трибуналот“, како што јасно покажа апсењето на Радован Караџиќ во близина на Белград на 21-ви јули.

Сепак, шефот на националниот совет за соработка со Трибуналот, Расим Љајиќ, предвиде дека Холандија, сепак, ќе инсистира на апсење на Младиќ.

Српските власти, исто така, го информираа Брамерц за текот на истрагата за наводната трговија со органи отстранети од косовските Срби фатени за време на борбите во 1999 година. Српските инспектори неодамна й ги предадоа истите докази на Тирана, сомневајќи се дека киднаперите на Србите ги изнеле истите во северна Албанија.

Тирана одби да покрене сопствена истрага, што го поттикна српскиот обвинител за воени злосторства да ги обвини албанскиот премиер Сали Бериша и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај дека го надгледувале уништувањето на доказите во тој случај.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар