19/11/2008
Србија долго време троши повеќе отколку што заработува, потпирајќи се на странските инвестиции за премостување на јазот. Но, светската финансиска криза ја направи таа стратегија неодржлива.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 19/11/08
![]() Со овој договор, пензионерите ќе добијат повисоки пензии, но зголемувањата ќе бидат ограничени до 8 отсто. [Getty Images] |
По скоро две недели преговори, српската влада и ММФ конечно се договорија за новиот аранжман. Договорот постигнат во петокот (14-ти ноември) предвидува масовни намалувања на јавните трошоци со цел да се избегнат драстични последици од светската економска криза.
Разговорите претходно запнаа поради барањето на ММФ владата да го одложи зголемувањето на пензиите од 10 отсто што го одобри во октомври. Според Фондот, српскиот државен буџет не ги покрива овие трошоци.
Но, Партијата на обединетите пензионери на Србија -- членка на владејачката коалиција -- се закани дека ќе ја собори владата ако пензионерите останат без своето ветено зголемување. На крајот, со компромис, беше договорено пензионерите да добијат повисоки пензии, но владата мора да го ограничи зголемувањето на 8 отсто.
Со договорот од петокот, кој истекува во март 2010 година, Србија може да добие 412 милиони евра од ММФ за одржување на курсот на динарот или да ги исполни меѓународните финансиски обврски. Според српските власти, банкарскиот систем на земјата е солвентен и девизните резерви се доволни, така што таа не планира да користи заем од ММФ, како што сторија Унгарија, Украина и Исланд.
„Програмата со ММФ претставува мерка на превенција и е одговор на државата на светската финансиска криза“, рече министерката за финансии, Диана Драгутиновиќ, истакнувајќи дека Србија ќе земе заем од ММФ „само ако й е потребна финансиска помош“.
Српските економисти велат дека на земјата й е потребен аранжманот бидејќи со години троши повеќе отколку што заработува. Странските инвестиции досега го покриваа дефицитот, но експертите стравуваат дека тие ќе бидат значително пониски поради сегашната светска економска криза. Заемот, исто така, може да помогне да се убедат инвеститорите во српската економска стабилност.
Шефот на мисијата на ММФ, Алберт Џегер, рече дека Фондот не е загрижен за последиците од светската економска криза во Србија на краткорочен план. Но „на долгорочен план, Србија е една од поранливите земји, бидејќи досега годишно троши околу 5 милијарди евра повеќе отколку што заработува, како и поради слабата извозна основа и малите заштеди“, рече тој.
Се чини и дека растот на БДП ќе трпи последици. Наместо да ги достигне предвидените 7 отсто, експертите велат дека е можно да достигне околу 3 отсто во 2009 година.
Аналитичарите го посочуваат и големиот надворешен трговски дефицит -- 6,16 милијарди евра во 2008 година -- како најголем проблем за српската економија, заедно со големата зависност од новите странски инвестиции.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's